Русија нападна американска фабрика за дронови во Киев


Руски балистички проектил на 24 јули погодил фабрика за производство на дронови во Киев, која е во сопственост на американската компанија „Терминал Аутономи“ (Terminal Autonomy), регистрирана во американската сојузна држава Делавер, објави британскиот весник „Гардијан“.

Според медиумот, ова би можел да биде првиот случај од почетокот на војната Русија директно да нападне објект што е во сопственост на американска компанија.

Компанијата произведува прецизни дронови со долг дострел, опремени со навигациски системи отпорни на електронско попречување. Во завршната фаза од летот, управувањето го презема систем базиран на вештачка интелигенција, што овозможува нападот да продолжи и при прекин на комуникациите.

„Терминал Аутономи“ е регистрирана во 2023 година во Делавер. Компанијата не одговорила на барањето на „Гардијан“ за коментар, а без одговор останало и украинското Министерство за одбрана. објави Скопје1.мк