Германија размислува за забрана на паметните очила на Мета


Паметните очила од американската технолошка компанија Мета би можеле да бидат забранети во Германија бидејќи овозможуваат речиси незабележливо снимање на луѓе на јавно место, предупреди комесарот за заштита на податоци на Хамбург, Томас Фукс. Неговата канцеларија заклучи по тестирањето на уредот дека тајното снимање со такви очила ги крши правилата за заштита на лични податоци. […]

Милиони луѓе изложени на загадување на воздухот од европските шумски пожари


Пожарите во Франција и Шпанија изложија милиони луѓе на штетен квалитет на воздухот во текот на изминатите неколку дена, изјавија научниците во вторник. Чадот од шумските пожари содржи мешавина од загадувачи што го намалуваат квалитетот на воздухот дури и на стотици километри оддалеченост. Научниците рекоа дека се особено загрижени за емисиите на честички PM2.5, кои […]

Најмалку 18 мртви во инцидент кај шпанската енклава Сеута, мигрантски притисок и врз Мелилја (видео)


Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде илјадници мигранти и натаму се обидуваат по морски пат да преминат на шпанска територија и покрај засилениот надзор на мароканските безбедносни сили. Мароко во последните часови ги засили контролите на патиштата, железничките станици и во пограничниот регион, со цел […]

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција


За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство, стои во […]

Почина Франко Барези – фудбалската легенда на Италија и Милан


Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми. Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период […]

ФИФА: Никој не го продава фудбалот


ФИФА реагираше на острите критики за нејзиниот план за продажба на удели во своите натпреварувања на приватни инвеститори и изјави дека го продолжува процесот на консултации. Одлуката дојде откако европските и северноамериканските асоцијации објавија отпор. Сите 55 членки на УЕФА, европската фудбалска организација, во четврток објавија дека ќе ги бојкотираат Светските првенства доколку ФИФА продолжи […]

Словенечко-германскиот квартет „Сигнум“ вечерва за публиката на „Охридско лето“


Словенечко-германскиот квартет саксофони „Сигнум“ вечерва  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“. „Сигнум“ е се освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо […]

Најмалку 34 рудари загинаа во експлозија во јагленокоп во Пакистан


Во експлозија во рудник за јаглен во јужен Пакистан загинаа најмалку 34 работници, соопшти Пакистанската служба за справување со вонредни ситуации. Експлозијата, предизвикана од метански гас, се случила синоќа и го урнала рудникот што се наоѓа во близина на Белуџистан, провинција богата со минерални ресурси. Веднаш била покрената спасувачка операција. „Според информациите добиени од екипите […]

Трамп објави голем договор за Газа: Хамас го предава оружјето, Израел ја повлекува војската


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. – Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе […]

Италија бара суспензија на Шпанија од Шенген поради масовниот прилив мигранти


Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти […]

РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август – Ден на Републиката


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август  – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во […]

Епидемија на заболување со паразит во САД: Илјадници нови случаи за само една недела


Ширум САД се регистрираат нови случаи на заболување со паразитот „циклоспора кајетаненсис“ (Cyclospora cayetanensis), иако американскиот министер за здравство, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, пред десетина дена изјави дека паразитската епидемија во земјата е ставена под контрола. Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), само во периодот од 21 до 28 […]

Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море


Саудиска Арабија вчера соопшти дека формирала воен сојуз од 14 држави за заштита на поморскиот сообраќај во Црвено Море и теснината Баб ал-Мандаб. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека претставници од 43 земји и од ЕУ присуствувале на меѓународен состанок за формирање коалиција, со Саудиска Арабија како основачка и водечка земја. Кралството, исто така, сака […]

Продолжуваат горештините, денеска до 39 Целзиусови степени


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и […]

„Епл“ ги надмина проценките во последниот квартал на извршниот директор Кук, но акциите паѓаат


„Епл“ ги надмина очекувањата на пазарот во своите најнови резултати во четвртокот, одбележувајќи го конечниот извештај за заработката на Тим Кук како извршен директор со силен резултат, иако изгледите за тековниот квартал ги разочараа инвеститорите. Резултатите на технолошкиот гигант од Купертино беа поттикнати од големата побарувачка за ајфон, остриот пораст во Кина и двоцифрениот раст […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот за корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“.

Без струја делови од Карпош и Центар


Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од „ЕВН Македонија“.  Без електрична енергија во општина Центар предвидено е да останат улица „Железничка“ број 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица „Герман“ број 26 и […]

И американската федерација го отфрли планот на Инфантино да го продаде Светското првенство


Откако сите европски фудбалски асоцијации го отфрлија предлогот на ФИФА за продажба на дел од сопственичките права на Светското првенство во заедничка изјава претходно во четвртокот, предлогот на ФИФА беше отфрлен и од сите 41 конфедерација кои се членки на Конфедерацијата на фудбалот на Северна, Централна Америка и Карибите (Конкакаф). Во заедничката изјава, членовите на […]

Шкендија го елиминира Браво и се пласира во 3. коло на Конференциската лига


Екипата на Шкендија ќе играат во 3. квалификациско коло во Лигата на Конференции, откако вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада екипата на Браво со 3:1. До потребната победа со два голови разлика тетовци дојдоа со пресврт. Словенечкио тим прв дојде во водство преку Станковиќ во 17. минута. Во 36. минута Браво […]

ФФМ ја поддржува заедничката позиција на УЕФА: Светското првенство не е на продажба


Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не […]