Без вода дел од општина Центар
Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот за корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“.