Без струја делови од Карпош и Центар


Фото: Б. Грданоски

Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од „ЕВН Македонија“. 

Без електрична енергија во општина Центар предвидено е да останат улица „Железничка“ број 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица „Герман“ број 26 и 30 од девет до 15 часот.

Во општина Карпош пак, според најавата, без струја ќе биде улицата 1687 – Бардовци од 8:40 до 15:05 часот.