Продолжуваат горештините, денеска до 39 Целзиусови степени


Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 Целзиусови степени.

Синоптичарите најавуваат дека под влијание на топол бран, времето до крајот на следната седмица ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда, кога наместа дневната температура ќе биде над 40 Целзиусови степени.