Топол бран во наредните денови, УХМР со предупредување за температури над 40°C
Под влијание на топла воздушна маса од југ за време на продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 32°C, а во некои места ќе надмине 40 степени.
Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.