Предупредување за крушевчани: Превривајте ја водата од градскиот водовод


Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода. Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење […]

Британскиот премиер најави пониски даноци за пабовите


Новиот британски премиер Енди Бернам изјави во четврток дека ќе ги намали локалните самоуправни стапки за пабови, клубови и концертни места за 20 проценти од април, што е негова трета најава за мерки за помош на домаќинствата и бизнисите во рок од три дена. Откако ја презеде функцијата во понеделник, Бурнам исто така изјави дека […]

Четири компании дадоа понуди за електрични автобуси, пак е избран унгарски „Икарус“


  Четири компании доставија понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираше Министерството за транспорт. Меѓу нив е унгарската „Икарус“ со заедничка понуда со австриската ЕВН, која победи на претходниот тендер, но потоа тој беше поништен поради неправилност во постапката. Другите три компании се: кинеската „Голден драгон […]

Пакомак: Ако сакате да бидете успешни во управување со отпад мора над 80% од приходите да ги реинвестирате


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и оваа година ја обнови лиценцата на Пакомак за постапување со отпад, откако уште еднаш, 15-та година по ред го одобри годишниот извештај на компанијата. Министерството позитивно ја оцени работата на Пакомак во изминатата година и потврди дека компанијата ги остварила, па дури и ги надминала поставените […]

Црвениот крст отвори сметка за донации за Гостивар


Црвениот крст отвори сметка на која сите хумани граѓани ќе можат да им помогнат на жителите на Гостивар кои се соочуваат со епидемија откако беше утврдено дека водата не е за користење.  – Во овие тешки моменти, кога голем број семејства во Општина Гостивар се соочуваат со последиците од загадувањето на водата за пиење и […]

Светските стандарди во рударството ја ставаат безбедноста на прво место


Безбедното управување со јаловината е меѓу најважните предизвици во модерното рударство. Затоа, меѓународните стандарди воведени во последните години ја промовираат примената на „суво одлагалиште“ – технологија која значително ги намалува ризиците поврзани со традиционалните влажни јаловишта. Во анализата објавена во „ScienceDirect“, експертите нагласуваат дека ваквиот пристап претставува нов индустриски стандард. Наместо течен отпад, се добива […]

Мерцедес се соочува со можна забрана за продажба во САД


Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц би можел да биде исклучен од американскиот пазар откако комитет на американскиот Сенат поддржа закон со кој се заоструваат ограничувањата за производителите на автомобили со значителна кинеска сопственост. Предлог-законот сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, потоа од Претставничкиот дом и од претседателот на САД, така што промените сè […]

Унгарски „Икарус“ повторно најевтин понудувач за автобусите за ЈСП


Во однос на Jавниот повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, информираме дека до крајниот рок понуди доставија четири компании и тоа:   – Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd.   – YES -EU DENMARK A/S YUTONG   – BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi – – IKARUS Electric […]

Изработена првата национална Водородна студија


Со техничка поддршка од Европската Унија, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) успешно ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија – стратешки документ што ја отвора вратата кон идната водородна економија и ја позиционира државата како дел од европската енергетска иднина. Студијата, како што велат од МЕРМС, е изработена со техничка помош […]

Со милион евра од унгарскиот кредит обновен базенот во Кавадарци


Со инвестиција вредна околу еден милион евра, обезбедена преку вториот јавен повик на Владата, денеска официјално беше пуштен во употреба целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци. На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Реконструкцијата опфати целосна обнова на базенскиот комплекс, вклучувајќи нов систем […]

Трите говори во еден ден што сигнализираа дека умира американска демократија


Претпоставката дека изборите во САД се легитимни почина минатата недела во Вашингтон. Беше стара 237 години. Не умре од една рана. Почина од три, нанесени во еден ден, на дневна светлина, во записник. И земјата, трчајќи кон најгласниот од нив, никогаш не испита што е тоа што најверојатно ќе убие. Во интензивна нега го разликуваме […]

Правилата за боледување не се ревидирани од 2012 година: Ќе воведеме српски или словенечки систем?


Вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и примена на искуства од други земји, е целта на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, што се одржува денеска во Владата, а […]

Британците се плашат дека соседите ќе им викнат полиција: Забраната за наводнување со црева предизвика културна војна


„Растенијата се како вашите бебиња“, вели Хари. И соодветно на тоа, тврди тој, повеќето луѓе би направиле сè за да ги одржат живи, вклучително и кршење на законот. Токму тоа тој планира да го направи неделава – да се спротивстави на забраната за наводнување со црева што е во сила низ големи делови од Англија, […]

Сара Климовска во жирито на 32. Сараево филм фестивал


Во трка за „Срцето на Сараево“ на 32-от Филмски фестивал во Сараево кој ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година, се натпреваруваат 51 филм, додека еден филм ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата. Во четирите натпреварувачки селекции – долгометражен игран филм, долгометражен и краток документарен филм, долгометражен краток филм и студентски краток […]

Угостителите во Гостиварско послужуваат храна со пластичен прибор – водата е небезбедна дури и за миење


Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и други оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената […]

Ни убиството на Фросина не нѐ освести – возат без дозвола, па дури и малолетници


Шестмина возеле без возачка дозвола, меѓу кои и двајца малолетници, а полицијата ги фати во последните 24 часа. Вакци случи има секојдневно, особено во летниов период, па се заклучува дека ниту убиството на Фросина Кулакова не ги опамети младите, ниту родителите, кои дозволуваат децата да ги земат возилата и да се движат по улиците. На […]

Дури и во анкетата на Фокс њуз Трамп и републиканците стојат лошо


  Неколку наоди од најновата анкета на Фокс њуз покажуваат дека американските гласачи се незадоволни и сакаат големи промени, што е добар знак за демократите во ноември: одобрувањето на работата на претседателот Доналд Трамп останува близу рекордно ниско ниво, повеќе демократи се мотивирани да гласаат, републиканците им се придружуваат на демократите и независните во негативното […]

Цените на гасот во Европа на највисоко ниво во последните три и пол години


Цените на гасот во Европа го достигнаа највисокото ниво во последните три и пол години, на врвот на летната сезона на складирање во ЕУ, во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и прекин на транзитот на танкери низ Ормускиот теснец. Мегават-час гас за испорака во август накратко достигна 63,94 евра на холандската берза […]

Филипче: Клековски нема право да се пресметува со оние кои ја кажуваат вистината


Лидерот на СДСМ, Венко Филипч,е застана во одбрана на колегите лекари откако министерот за здравство, Сашо Клековски во арогантна изјава ги нарече Никола Пановски и другите експерти „слободни јавачи на епидемијата“ кои собирале лајкови, советувајќи им ако не се епидемиолози и инфектолози – да не даваат изјави.    „Министерот за здравство ги навредува моите колеги […]

Европската комисија го казни „Гугл“ со 890 милиони евра. Како ќе реагираат САД


Европската комисија денес го казни „Гугл“ со 890 милиони евра за кршење на Законот за дигитални пазари, што е најголемата казна досега изречена според законот. Комисијата донесе две одлуки. Првата утврди дека „Гугл“ не се придржува до Законот за дигитални пазари (DMA) со фаворизирање на сопствените услуги во својот пребарувач, за што изрече казна од […]