Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите


Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на […]

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година


Со 64 гласови на пратеници „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието попладнево го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Пратениците од владејачката коалиција на расправата во Парламентот посочија дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии преку политики. Пратениците од опозицијата, пак, тврдат дека дополнетиот предлог-ребаланс […]

Пријави се денеска, трчај во октомври: вториот рок завршува на 31 јули


Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен […]

Водата во Маврово привремено не е за пиење


Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на […]

УНЕСКО ја отстрани Виена од листата на загрозено наследство. Нема да гради облакодер висок 73 метри


УНЕСКО денес одлучи да го отстрани историскиот центар на Виена од листата на загрозено светско наследство откако беа ревидирани плановите за контроверзен проект за облакодер, кој со години предизвикуваше загриженост, се вели во соопштението на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Историскиот центар на Виена беше додаден на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО […]

Трамп „патува“ во минатото и го спасува Џорџ Вашингон


  Американскиот претседател Доналд Трамп сподели плакат од филм со вештачка интелигенција во холивудски стил, на кој се гледа како тој се спасува Џорџ Вашингтон од опасност. Фотографијата, објавена на неговиот профил на Truth Social, е една од многуте во бранот содржина генерирана од вештачка интелигенција објавена неодамна. Фотографијата со вештачка интелигенција, дизајнирана да личи […]

Мостот Пељешац го пуштија пред четири години, а сега ќе оди во процес на сериозна реконструкција


Само четири години по неговото отворање, мостот Пељешац е во процес на сериозна реконструкција. Во октомври, според Хрватски патишта, треба да започне отстранувањето на дефектите на мостот. Станува збор за пукнатини во површинскиот слој од бетон на столбовите на мостот, а некои од нив содржат влага и вода. Пукнатините се длабоки од три и пол […]

Инфантино ги изнавреди медиумите и критичарите


Џани Инфантино (56) проговори за прв пат од завршувањето на Светското првенство во 2026 година, но наместо помирувачка забелешка, претседателот на ФИФА практично ги навреди сите што не го делат неговото мислење. Во долга објава на Инстаграм, Инфантино го прогласи турнирот во САД, Канада и Мексико за „голем успех што ја прослави човештвото“, а потоа […]

Русија уништила повеќе од 80 бензински пумпи во украинската област Харков


Руските сили уништија повеќе од 80 бензински пумпи во Харковската област во Украина, каде што е целосно прекинат пристапот до гориво на патот меѓу Харков и Полтава, изјави денеска регионалниот официјален претставник на Харков, Олександер Скорик. Последната преостаната бензинска пумпа во Валки беше уништена вчера во руски воздушен напад, соопшти Скорик на социјалните мрежи. Повеќе […]

Поради неуплатени 16.588 денари општина Гостивар две години чекала дозвола за водоводот


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна […]

Украинците со евтин дрон уништија моќен руски одбранбен систем „С-400“ (Видео)


  Украинските власти тврдат дека Украина нападнала дел од напреден руски систем за воздушна одбрана распореден во Крим, објави „Њусвик“. Украинската војска уништила руски ракетен одбранбен систем „С-400“ и радар на Крим, објави во понеделник украинската разузнавачка агенција ГУР. Лансерите се дел од копнен систем за воздушна одбрана кој испукува пресретнувачки ракети дизајнирани да се […]

Угостителските објекти во Струга ќе работат до 2 односно до 3 часот по полноќ


Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Ваквата одлука ја донесе Советот на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до […]

Стратегија на руските сили – уништување на бензинските пумпи во Украина


  Руските сили ги уништија сите бензински пумпи по должината на патот помеѓу Полтава и Харков, а последната беше погодена во градот Валки на 26 јули, според регионалните власти. Во последните месеци, додека нападите со долг дострел на Украина предизвикаа криза со гориво низ Русија и окупираните територии на Украина со напади врз рафинерии, Русија […]

27 јули во историјата – Основано е Османлиското царство


  На овој ден е основана најмоќната муслиманска држава во историјата. Османлиската империја се појави по падот на византиската моќ во првата половина на 13. век. Многу локални владетели во Анадолија ја презеле власта, а Осман, водачот на мала муслиманска провинција, предводел војска и го означил почетокот на нова ера во Мала Азија. Малку е […]

Пад на цената на нафтата на светските берзи


Цените на акциите денеска главно се зголемија, а цените на нафтата паднаа за речиси 7 проценти бидејќи САД и Иран се воздржаа од судири додека се разговара за можно продолжување на преговорите за привремен договор за прекин на огнот. Акциите на кинескиот производител на мемориски чипови CXMT скокнаа за дури 466 проценти на технолошката берза […]

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите


Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки […]

Владината приказна за развоен ребаланс звучи само како убав ПР: Опозицијата со критики за новата буџетска рамка


Кога просечната плата не ја достигнува минималната кошница, Предлог – ребалансот на Буџетот не може да се брани како доказ за стабилност, туку тој станува доказ дека економската политика не успева да го заштити достоинството на трудот, оцени денеска на собраниска седница пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во неговата дискусија по владиниот предлог за ребаланс […]

Петровец: Ја удрил мајка си, ѝ ја приклештил раката со вратата на автомобилот и почнал да вози


Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дополнителни детали за случајот во кој 24-годишник од Петровец е осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, а потоа ја влечел со автомобил. Според Обвинителството, на 25 јули попладнето, осомничениот во семејниот дом ја удрил мајка си со тупаница во лицето. Потоа ја повлекол за левата рака, влегол на возачкото […]

Гаши ќе оди во Египет место во Крушево на Илинден


Претседателот на Собранието, Африм Гаши,  за Илинден ќе оди на конференција во Египет, наместо да се обрати на Мечкин Камен во Крушево, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од Собранието. Претседателот на Собранието приоритет ѝ даде на Конференцијата за борба против дискриминација кон исламот, наместо на 2 Август да се обрати во Крушево, но за „Слободен […]

Милошоски бара помош од Шпанија за излез од европскиот ќор-сокак


  Комисијата за европски прашања денеска имаше средба со Фернандо Сампедро Маркос, државен секретар за Европската унија на Шпанија на која Антонио Милошски побара шпанска помош за излез од европскиот ќор-сокак и решение кое ќе биде во корист и на Скопје и на Софија. Милошоски е претседател на Комисијата и потпретседател на Собранието и тој […]