Еуроконтрол забранува М-НАВ да дава позајмици, но владата е посилна


  Македонска навигација во 2022 добила заем од 9 милиони евра, па зела кредит од Комерцијанла банка од 5 милиони евра; потоа добила грант од ЕБОР во 2023 од 406.000 евра како техничка помош. Согласно принципите на Еуроконтрол, провајдер на навигациски услуги не смее да позајмува средства собрани преку unit rate на јавни претпријатија или […]

„Уна“ на Звездара театар гостува во МНТ на 9 септември


Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, […]

И двајца стоматолози „паднаа“ во случајот „ботокс“ – примале мито за полагање испит


Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поведе истрага против двајца стоматолози, кои примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“. Едниот бил претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит, а другиот претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците. Уплатата била извршена на трансакциска сметка, но Обвинителството не објавува за колкава сума се работи. Доказите се […]

Пет нови случаи на западнонилска треска потврдени овој месец, вкупно осум годинава


 Заклучно со денеска, во 2026 година во државата се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се потврдени, а еден е веројатен – се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје објавен на неговата веб-страница. Потврдени се пет нови случаи во јули (кај два случаи почетокот на симптомите е во […]

Од Украина и Судан до Газа: зошто болниците станаа цел на војна?


Двапати дневно, Љубов Мартиненко го напушта подземното породилно одделение каде што работи во Херсон и патува со амбулантно возило за да земе оброци од друга болница во „црвената зона“ на украинскиот град, близу до реката Днепар и руските сили од другата страна. На 4 јуни, непосредно пред пладне, возилото влезе во дворот на градската клиничка […]

Две млади жени и 55-годишен маж се тепале во кафеана во скопски Аеродром


Две жени и 55-годишно лице физички се пресметале во кафеана во скопски Аеродром. Инцидентот се случила вчера пред полноќ. – На 26.07.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(25) и Ф.М.(23), двете од […]

Белата куќа ја користи песната на Кети Пери во видео, таа им вели: „Таа е за надеж, не е за војна“


Вашингтон – Кети Пери јавно ја критикуваше Белата куќа за користењето на нејзината песна „Firework“ во видео кое прикажува воени напади. Контроверзното видео е објавено на официјалниот профил на Белата куќа на TikTok. Видеото прикажува снимки од експлозии придружени со текст од нејзината песна „Boom, boom, boom / Even brighter than the moon“. Описот на […]

Крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје во чест на солидарноста по скопскиот земјотрес


Црвниот крст на град Скопје денеска спроведува традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, но, како што истакнаа од таму, исто така и во чест на солидарноста, хуманоста и несебичноста што граѓаните ја покажаа во најтешките моменти. Александра Валкановска, стручен соработник во Црвниот крст на […]

Гостивар доби техничка вода – за пиење и натаму ќе се доставува флаширана


  Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак […]

Нема дозвола за решетките на Македониумот. Инспектори ќе одат во Крушево


  Инспектори од Управата за заштита на културното наследство утре ќе одат во Крушево да видат што се случува со Македониумот и какви решетки се поставуваат на галериите со витражи. Во изјава за порталот „Сдк“ директорката на Управата, Весела Честоева, вели дека нејзината институција не дала дозвола да се поставуват решетките. Честоева вели дека во […]

Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан една од темите на средбата Штокер – Мицотакис


Важно е да остане отворена европската перспектива за земјите од Западен Балкан, посочи австрискиот канцелар Кристиан Штокер по средбата во Салцбург со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна ја повтори поддршката на Грција за пристапниот процес на државите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Штокер посочи дека за него, „една важна […]

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија


Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews. Во изјавата на социјалните мрежи, […]

За речиси 6 отсто поскапо парно за скопјани од 1 август


Граѓаните на Скопје ги очекуваат повисоки сметки за затоплување уште пред официјалниот почеток на следната грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги пресече новите цени за сите корисници на централно греење во главниот град, а коригираниот ценовник официјално стапува на сила од 1 август. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ […]

Бе-ем-ве повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар


Германскиот мултинационален автопроизводител Бе-ем-ве (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA). Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината […]

Македониумот зад решетки


Прво протекување. Сега решетки. Привремена заштита или симбол на институционален неуспех?  Што се случува со Македониумот во Крушево, не само архитектонско и историско богатство на надморска височина од 1.320 метри , туку и место за почитување на храброста и жртвите на македонскиот народ во борбата за слобода и непокор? Фотографиите со металните решетки на галериите […]

Пожарникарите сѐ уште се справуваат со пожарот над Прилеп, засега Трескавец не е во опасност


Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано Заград кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, […]

Во Скопје ќе се прска против комарци на 30 и на 31 јули


Градот Скопје ја известува јавноста дека, согласно Годишната програма за спроведување на мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, продолжува со реализација на следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци. Во текот на изминатиот период […]

Намалените акцизи и ДДВ за горивата го чинат Буџетот 26 милиони евра: Дополнетиот ребаланс пред пратениците


Интервенциите на Владатакај акцизите и ДДВ за горивата ќе го чинат Буџетот околу 26 милиони евра, откри денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска елаборирајќи го пред пратениците дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година. Таа рече дека вкупните приходи се ревидираат повисоко за 1,2 отсто од иницијалните проекции, но дека даночните приходи се намалуваат за […]

Лет на Боинг за Дубровник изврши принудно слетување во Виена поради пукнат прозорец


Авион на Норвешката авиокомпанија „Норвешка ер шатл“ што леташе од Осло до Дубровник утрово изврши принудно слетување во Виена откако еден од неговите прозорци пукнал за време на летот, неофицијално објави „Дубровник дејли“. Летот DY1922 полета од Осло во 6:45 часот наутро и требаше да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ околу 9:40 часот наутро. Сепак, […]

Дизелот од утре 98,5 денари, бензините поскапуваат за 3 денари


  Цените на горивата одат забрзано нагоре. Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за […]