Иран повторно ѝ се закани на Бугарија
Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради одлуката да дозволи на американските авионио да полнат гориво во бугарските бази додека врша напади во Заливот. Ова е трето вакво предупредување, а следуваше набргу откако американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката, пишува Euronews.
Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи рече: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да сносат одговорност за опасната одлука да бидат домаќини на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“.
Во соопштението се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека во минатото биле донесени слични одлуки за „поддршка на американските воени операции против Иран“.
„Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија.Со децении односите меѓу нашите два народи се засноваа на взаемно почитување“, се заклучува во пораката на иранското министерство.
Последната реакција на Техеран дојде само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа Truth Social.
„Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои со Трамп и го поддржува распоредувањето на американската воздухопловна база и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп.