Во Скопје ќе се прска против комарци на 30 и на 31 јули


Градот Скопје ја известува јавноста дека, согласно Годишната програма за спроведување на мерки за дезинсекција, законските обврски што произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, како и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, продолжува со реализација на следната фаза од овогодишната дезинсекција против комарци.
Во текот на изминатиот период беа спроведени повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците, согласно утврдената динамика и стручните препораки.
Дезинсекцијата против ларви беше реализирана на следните датуми:
• 7 мај – авионска дезинсекција;
• 11 јуни – авионска дезинсекција;
• 26 јуни – теренска дезинсекција;
• 10 јули – авионска дезинсекција;
• 23 јули – теренска дезинсекција.
Дезинсекцијата против возрасни комарци беше спроведена:
• 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција;
• 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција;
• 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција;
• 13 и 15 јули – теренска дезинсекција.
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
Градот Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, со цел намалување на популацијата на комарците и заштита на јавното здравје.
Градот Скопје останува посветен на навремено и ефикасно спроведување на сите мерки што придонесуваат за заштита на здравјето и подобар квалитет на живот на граѓаните.