Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно


Собранието на Црна Гора вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои […]

За Мицкоски корупцијата била перцепција, ги повика граѓаните да пријават, ќе има и бесплатна линија


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски синоќа во интервју за подкастот „Риштази“ рече дека во соработка со Министерството за внатрешни работи и реномирана невладина меѓународна организација ќе се отвори линија „Пријави корупција“ каде што граѓаните на кои им е побарано мито ќе можат да пријават.   -Ние покажавме и докажавме дека сме подготвени и способни да […]

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди […]

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути


Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица,  каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Проектот „Скопје 63/63“ на Џепароски и Алушевски вечер во Сули ан


Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година вечер ќе биде претставен во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со […]

Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)”


Изложба „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)” вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од […]

Сончево со локална облачност, температурите до 35 степени Целзиусови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална […]

Заеднички настап на Ѓоковиќ и Сабаленка на УС опен


Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ќе имаат заеднички настап во мешани двојки ма УС опен, како најава на турнирот потврдија организаторите. Тие ќе бидат една од 16-те двојки. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката. На овој турнир ќе има и нови правила, а организаторите сметаат дека мечевите ќе бидат пократки и […]

Омиленото сезонско овошје крие бројни предности: Седум причини зошто треба да консумирате сливи


Сливата е едно од најпопуларните сезонски овошја во нашиот регион. Освен што е неопходна во традиционалната кујна, ова вкусно коскесто овошје е познато и по своите бројни корисни својства што можат позитивно да влијаат на здравјето на организмот. Покрај богатиот вкус, сливата е вредна храна што може да биде одличен додаток на вашата секојдневна исхрана. […]

Преведувачка на „Одисеја“ го критикува филмот на Нолан: „Нема психолошка и етичка длабочина“


  Емили Вилсон, англиски класицист чиј превод на Хомеровата „Одисеја“ од 2017 година беше цитиран од Кристофер Нолан во раниот публицитет за неговата исклучително успешна адаптација на епот, остро го критикуваше филмот, велејќи дека „нема ништо убедливо да каже“ и дека „нема психолошка, емоционална, политичка и етичка длабочина“. Во остар есеј за „Лондон ривју оф […]

Србија доби прв еднорог, стартап компанија вредна милијарда долари


Србија го доби својот прв „еднорог“. Компанијата Оминимо ја затвори инвестициската рунда Серија Б со учество на инвестициската филијала на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), достигнувајќи пазарна вредност од 1,6 милијарди долари. Оминимо развива осигурителни производи од нова генерација користејќи вештачка интелигенција, напредни математички модели и анализа на податоци за попрецизна проценка на […]

Хамбург ги зголемува безбедносните мерки за Парадата на гордоста по нападот во Берлин


Полицијата во Хамбург планира засилени безбедносни мерки за настаните за Парадата на гордоста во северниот германски град овој викенд, по смртоносниот напад во Берлин. Портпаролот на полицијата денеска изјави дека силите го зголемуваат бројот на полицајци кои треба да бидат распоредени за главната парада во Хамбург в сабота, без да даде конкретни бројки. – Независно […]

Колку долго кучето може да биде оставено само дома?


Многу сопственици на кучиња си го поставуваат истото прашање: Може ли моето куче да биде оставено само дома осум часа додека сум на работа? Одговорот зависи од возраста, личноста, здравјето на кучето и колку е навикнато да биде само. Кучињата не се животни создадени за долги периоди на осаменост. Тие се социјални суштества на кои […]

Санчез предупредува: Климатската вонредна состојба чини животи во Шпанија


Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ја истакна поврзаноста помеѓу шумските пожари и климатската криза, наведувајќи дека климатската вонредна состојба одзема животи и дека не е доволно само да се справиме со нејзините последици, туку дека ефектите мора да се предвидат и земјата подобро да се подготви за заштита на животите на луѓето. Денес, Санчез ја […]

Полска побара од САД екстрадиција на избеганиот министер Зиобро. Дали Македонија уште собира документи за Груевски?


  Полска официјално побара од САД во понеделник да го уапси и екстрадира поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, барајќи да се гони политичарот во бегство од националистичката партија Право и правда (ПиС) за наводна злоупотреба на моќ, пренасочување на јавни средства кон политички сојузници и шпионирање на противници. Зиобро, многу контроверзна фигура, протурка сеопфатни […]

САД: Комисија за нуклеарна регулатива сака да го ублажи прописот за безбедност од зрачење


Американската Комисија за нуклеарна регулатива (НРЦ) предлага укинување на основниот безбедносен принцип кој 50 години го регулираше зрачењето на кое се изложени луѓето во Соединетите Држави, а кој беше усвоен и ширум светот. Објектите како нуклеарни централи, болници или академски институции кои користат радиоактивни материјали мораат да обезбедат изложеноста на зрачење да се одржува „што […]

Амазонски оперски куќи додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО


Две оперски куќи во бразилскиот Амазон, Театро да Паз во Белем и Театро Амазонас во Манаус, се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Двете згради се изградени кон крајот на 19 век, на врвот на економскиот бум базиран на трговијата со гума, а одлуката ја донесе денес културната агенција на ОН, објави АП. […]

Судот во Улцињ одреди 30-дневен притвор за македонска државјанка која е осомничена дека намерно прегазила куче


Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка С.С., која е осомничена за кривично дело убивање и мачење животни, како и уништување на нивното живеалиште. Според информациите од црногорската полиција, инцидентот се случил на 24 јули, кога жената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, наводно намерно прегазила куче од расата шарпланинец. По настанот се […]

Премиерата на „Три сестри“ со превод на англиски јазик: МНТ се отвора за меѓународната публика


Македонскиот народен театар новата сезона 2026/2027 ќе ја започне со премиера на претставата „Три сестри“, според драмата на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, која ќе се одржи на 25 септември. Новата сезона во МНТ носи важна новина за публиката – воведување превод на англиски јазик за дел од претставите во однапред определени термини. На […]

Стефанија Насеска со модна колекција инспирирана од житото : Пелагонија е Почеток на се


Модната дизајнерка Стефанија Насеска  ја претставува нејзината прва ресорт или ‘cruise’колекција со која го позиционира својот бренд на едно повиско ниво. Се работи за мала колекција која ја нарекла ‘Почетокотʼ затоа што е инспирирана од Пелагонија. „За колекцијата најмногу употребив природни материјали, како памук, рафија, лен, тоа се материјали кои го обележуваат летниот период. А […]