Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО


Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО неделава во Турција, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина. „Синоќа, руските сили повторно неодговорно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети […]

Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ


Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ […]

Грција ги замрзна цените сред сезона – нема нови поскапувања


Грчката влада постигна договор со големите трговски синџири и производителите на храна со кој во текот на летните месеци нема да има нови поскапувања на производите во супермаркетите. Мерката е дел од напорите за ограничување на инфлацијата во период кога земјата бележи најголем број туристи и зголемена потрошувачка.   Договорот беше постигнат на средба меѓу […]

Кина испали ракета во Тихиот Океан. Јапонија, Австралија и Нов Зеланд протестираат


Пекинг – Кинеската војска денес тестираше ракета во Тихиот Океан од нуклеарна подморница, објавија државните медиуми, а потегот беше критикуван од Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Нуклеарна подморница на Народноослободителната армија испали ракета со лажна боева глава кон меѓународните води во Тихиот Океан во 12:01 часот по локално време, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Проектилот […]

Дина Јашари со прва голема турнеја низ Македонија


По четири години активни настапи, регионални гостувања и континуирано градење на својот авторски израз, Дина Јашари ова лето и есен ја реализира својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови низ земјата. Турнејата започна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа на Duran Duran во арената „Борис […]

Шакира и ФИФА со донација од 500.000 долари за помош на настраданите во Венецуела


 Каракас – Пејачката Шакира и ФИФА соопштија дека ќе донираат 500.000 американски долари за помош на децата погодени од разорните земјотреси што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела. Средствата ќе бидат обезбедени преку Фондот за образование ФИФА („FIFA Global Citizen Education Fund“) и ќе бидат наменети за поддршка на образованието на илјадници деца чие […]

Левица поднесе 47 амандмани на ребалансот – парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта


Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност. Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и […]

Поради пожарите низ јужна Европа, 10.000 евакуирани во Франција – Тур де Франс без гледачи


Шумски пожари беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници луѓе на евакуација и поттикнувајќи ги службениците да им забранат на гледачите пристап до етапа од познатата велосипедска трка Тур де Франс. Стотици пожарникари се борат со пожарите што уништија повеќе од 19.000 хектари земја низ Португалија, Шпанија, Франција и Грција. Температурите повторно се зголемуваат, а се […]

Британскиот министер за одбрана во посета на Исланд поради „сè поголемите руски закани“


Лондон– Британскиот министер за одбрана, Ден Џарвис, престојуваше во посета на Исланд во услови на „сè поголеми руски закани“, во момент кога НАТО за првпат спроведе операции за воздушна одбрана од европски носач на авиони. Џарвис ги посети британските сили на командниот брод на Кралската морнарица „ХМС Принцот од Велс“ (HMS Prince of Wales), кој […]

Русија како да е Советскиот Сојуз: По 18 часа се чека ред за гориво. Тепачки на пумпите (Видео)


  Недостатокот на гориво што ја уништува Русија ги принуди возачите низ целата земја да чекаат во долги редици за да наполнат гориво, во голема мера евоцирајќи спомени од недостигот од комунистичката ера, пишува американското списание „Форчн“. Месечната кампања на напади со дронови врз нафтената инфраструктура длабоко на руска територија ги принуди рафинериите да престанат […]

Самит на НАТО: Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентот


Анкара – Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат утре и во среда во турската престолнина Анкара на состанок на врвот, на кој европските членки би требало да го преземат главниот товар за одбраната на сопствениот континент. „Ги удвојуваме нашите напори со цел да го направиме НАТО она што отсекогаш требаше да биде: […]

Пиво по рецепт на Вашингтон од 1757. за 250-годишнината од независноста на САД


Вашингтон – ​​Во чест на 250-годишнината од незавнисоста на Соединетите Американски Држави, Јавната библиотека во Њујорк соработуваше со една тамошна пиварница за да произведе пиво според изворен рецепт на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 – 1799). Според наводите, Вашингтон го запишал рецептот во тетратка во 1757 година, додека сè уште бил воен командант. Таа […]

Популарни звуци го маѓепсаа Скопје – во Сули ан со Панфили и „Фејмс“ се славеше светската музика


Префинета публика, синоќа, во свежото Скопје, во рамки на 47. фестивал „Скопско лето“, уживаше во спојот на класичната традиција, фолклорното наследство и филмската имагинација. Историскиот двор на Сули ан се претвори во светска сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што публиката музички патуваше низ разни култури и епохи . Преку делата на Барток, Григ, […]

Каква гаранција се ветувањата на премиерот


Додека како најважна ударна вест сѐ уште траат расправите за „реконструкција и ребрендирање“ на старо-новата влада се присетив на една реченица на Блаже Конески искажана во ресторанот на Клубот на пратеници пред повеќе години по истиот повод како и сега. Јавни личности мудруваа навидум многу загрижено за најавените промени во владата, кои министри ќе си […]

Шест жртви во обилните дождови што го зафатија индискиот град Мумбаи


Мумбаи – Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера во Мумбаи, кога неколку објекти се урнаа како последица на обилните дождови што ги зафатија источните предградија на индиската метропола. Според официјалните податоци што ги објавија локалните власти, во урнатите повеќекатници загинале пет деца и една жена. Обилните врнежи предизвикаа и свлечишта, поради што е […]

Руте и Фон дер Лајен: Европа повеќе не може да ја препушта својата одбрана на Америка


Брисел – Времето кога Европа можеше да ја препушти својата одбрана и безбедност на Америка е завршено, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички авторски текст за весникот „Економист“. Тие признаа дека Европа во рамките на Северноатлантскиот сојуз долго време била премногу потпрена на […]

Без струја делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров


 Без електрична енергија денеска од 08:00 – 09:30, се до 14:30 – 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од општина Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.  РЦУК информира дека по добиено известување од ЕВН Македонија АД без електрична енергија во периодот од 08.00 […]

Бројот загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342


Рио Де Жанеиро – Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови. Земјотресите со […]

Мексико – Англија 2:3. Најлудиот натпревар на СП, Англија се пласира во четвртфиналето со трилер


Англија влезе во четвртфиналето на Светското првенство. Во невидена драма на иконскиот стадион Ацтека, го елиминираа домашниот тим Мексико со резултат од 3:2. Џуд Белингам ѝ донесе водство на Англија со два гола во првото полувреме, а Кињонес го намали резултатот до полувреме. Во 53-тата минута, Англија остана со играч помалку, но набрзо доби пенал […]

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација


Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.   Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане […]