Дина Јашари со прва голема турнеја низ Македонија
По четири години активни настапи, регионални гостувања и
континуирано градење на својот авторски израз, Дина Јашари ова лето и есен ја
реализира својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум
градови низ земјата.
Турнејата започна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа
на Duran Duran во арената „Борис Трајковски“, а продолжува со серија концерти низ
Македонија во текот на јули, август и септември.
Во рамки на турнејата, Дина Јашари ќе настапи на:
● 11 јули – Кочани, Парк на Револуцијата, по повод празникот Петровден
● 23 јули – Виница, КУЛ96, по повод 20 години од постоењето на просторот
● 25 јули – Кичево, Китино Кале, во рамки на манифестацијата „Град на
културата“
● 5 август – Струга, фестивал „Дрим Шорт“, Парк на поезијата
● 20 август – Битола, платото на Офицерски дом, во рамки на програмата на
БитФест
● 4 септември – Вртешка, Планинарски дом Вртешка, во рамки на фестивалот
„Интердисциплинарни активности – Вртешка“
● 17 септември – Штип, Дом на млади
Концертите во Битола и Штип се реализираат со поддршка од Министерството
за култура и туризам.
Во изминатите години, Дина Јашари и нејзиниот бенд континуирано настапуваат низ
Македонија и регионот, градејќи препознатлив концертен израз и присуство на
сцените низ просторот на поранешна Југославија. Со оваа турнеја, за првпат во
поконцентриран формат, таа го носи својот актуелен концертен репертоар низ повеќе
македонски градови.
Дина Јашари е една од највпечатливите авторски појави на современата македонска
музичка сцена. Нејзиниот албум „Растенија без корен“ беше одлично примен и во
Македонија и во регионот, а со својата музичка зрелост, сензибилитет и силен
авторски печат дополнително ја зацврсти нејзината позиција како значаен глас на
новата домашна сцена.