Шакира и ФИФА со донација од 500.000 долари за помош на настраданите во Венецуела


 Каракас – Пејачката Шакира и ФИФА соопштија дека ќе донираат 500.000 американски долари за помош на децата погодени од разорните земјотреси што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела. Средствата ќе бидат обезбедени преку Фондот за образование ФИФА („FIFA Global Citizen Education Fund“) и ќе бидат наменети за поддршка на образованието на илјадници деца чие школување е загрозено по катастрофата.

Разорните земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, го погодија северниот дел на Венецуела на 24 јуни, предизвикувајќи големи штети низ целата земја. Според последните податоци, животот го загубиле речиси 3.000 лица, илјадници се повредени, а голем број луѓе и натаму се водат како исчезнати.

– Целиот приход од песната „Дај, дај“, официјалната химна на Светското првенство во фудбал 2026, ќе го донирам во Фондот за образование ФИФА, каде што со години сум членка на управниот одбор, изјави Шакира во мај годинава.

Колумбиската латино ѕвезда преку видеопорака ги повика љубителите на фудбалот и светските лидери да ја поддржат кампањата, чија цел е да се соберат 100 милиони долари за унапредување на образованието и обезбедување дополнителни ресурси за учениците ширум светот.

 

– По разорните земјотреси во Венецуела, образовните програми би можеле да претрпат долгорочни последици и да го загрозат досега постигнатиот напредок. Како долгогодишна членка на фондот за образование ФИФА, помагам секое дете во Венецуела, додека земјата се обнова и понатаму да има пристап до образование и можност да учи, рече Шакира.

На хуманитарните акции за помош на Венецуела се приклучија и бројни музичари. Членовите на групата „Металика“ донираа 100.000 долари преку својата фондација„Ол витин мај хендс“ („All Within My Hands“). Бендот „Раш“ пушти во продажба специјална хуманитарна маица, а приходите од нејзината продажба се наменети за жртвите од катастрофата.