Шест жртви во обилните дождови што го зафатија индискиот град Мумбаи


Мумбаи – Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера во Мумбаи, кога неколку објекти се урнаа како последица на обилните дождови што ги зафатија источните предградија на индиската метропола.

Според официјалните податоци што ги објавија локалните власти, во урнатите повеќекатници загинале пет деца и една жена.

Обилните врнежи предизвикаа и свлечишта, поради што е затворен автопатот меѓу Мумбаи и Пуна, што предизвика сериозни нарушувања во патниот сообраќај меѓу двата града.

Покрај патниот сообраќај, прекини има и во авионскиот и меѓуградскиот железнички транспорт, вклучително и линиите меѓу Мумбаи и Пуна.

Во градот се поплавени голем број, а во училиштата и универзитетите денеска нема настава.

Локалните медиуми јавуваат дека уште најмалку три лица загинале откако врз нив паднале дрвја како последица на невремето што изминатиот месец го зафати регионот.

Според Индискиот метеоролошки институт, во делови на регионот и за денеска се очекуваат слаби до умерени врнежи од дожд.