Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство


Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на етничките Унгарци во Украина, што би можело да придонесе за напредок на Киев во процесот на пристапување кон Европската Унија. Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, соопшти дека договорот е резултат на тринеделни преговори што ќе ги зајакне образовните, јазичните, културните и политичките права на повеќе од сто илјади […]

Поетска дружба на браќата Барбаровски со гевгелиската публика


Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија денеска организира музичко-поетска дружба со браќата Георги и Миле Барбаровски, автори на песни со длабока трага во македонската музика, а инспирирани од народниот дух и традиција. Настанот ќе се одржи во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија од 19 часот. Браќата Барбаровски во улогите на текстописец и композитор се препознатливи по песните […]

АХВ одбележува 15 години постоење


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата […]

„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државите музички училишта


Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде. Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски […]

Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје


Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државава и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари.  „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“ го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – […]

Променливо облачно со повремен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне […]

ОЕЦД: Глобалните економски перспективи се послаби поради Блискиот Исток


Развојот на конфликтот на Блискиот Исток доминантно ги обликува глобалните економски перспективи бидејќи предизвикува енергетски шокови кои предизвикуваат инфлаторни притисоци и ќе имаат негативно влијание врз економскиот раст, прогнозира Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Економските перспективи објавени денес. Извештајот разработува две сценарија – временски ограничени нарушувања, според кои враќањето на производството и […]

Германија не успеа да обезбеди место во Советот за безбедност на ОН


  Германија не успеа за прв пат во среда да обезбеди место во Советот за безбедност на ОН, а Португалија и Австрија добија повеќе гласови за двете западноевропски места почнувајќи од 2027 година. Советот за безбедност на ОН има 15 члена: пет постојани – САД, Русија, Кина, Франција и Обединетото Кралство – и 10 избрани […]

Будимпешта го крена ветото за Киев. Украина и Молдавија веднаш ќе ги почнат преговорите за влез во ЕУ


  Унгарија го укина своето двегодишно вето врз кандидатурата на Украина за членство во Европската унија, дозволувајќи процесот да влезе во следната фаза од преговорите и завршувајќи ја политичката сага што ги доведе односите меѓу Будимпешта и Киев на најниско ниво досега. Посакуваниот пробив се случи ненадејно во среда вечерта за време на состанокот на […]

Илјадници Албанци протестираат против луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Илјадници Албанци излегоа на улиците на Тирана во вторникот вечерта за да протестираат против проектот за развој на еколошки чувствителен дел од јадранскиот брег, планиран од компанија поврзана со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс. Проектот вреден 1,4 милијарди евра го води инвестициската компанија на Кушнер, „Афинити партнерс“, а ќе […]

Извештај на АФЕТ: Недоволни реформи во Македонија, уставните измени остануваат услов


  Европратениците од Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) предупредуваат дека напредокот на Северна Македонија во реформите поврзани со ЕУ е недоволен, особено во областа на владеењето на правото, судските реформи и борбата против корупцијата. Во извештајот усвоен во средата, членовите на ЕП ја нагласија својата целосна поддршка за посветеноста на Северна Македонија за членство во […]

Буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот, вели Димитриеска Кочоска


Владата ќе продолжи со мерки за намалување на дефицитот. Буџетскиот дефицит нема да биде повисок од ланскиот и покрај можните корекции со ребалансот – порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласувајќи дека фискалната консолидација останува клучен приоритет. Во одговор на новинарко прашање по денешната прес-конференција, Кочоска истакна дека во тек се проекциите за ребалансот, но […]

Поранешниот германски канцелар е во Русија. Кремљ: Ја поздравуваме неговата посета


Кремљ потврди дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е во посета на Русија, објавија денес руските државни новински агенции. Државните медиуми претходно објавија дека Шредер е забележан во Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја поздравува неговата посета. Рускиот претседател Владимир Путин претходно сугерираше дека Шредер би можел да ја претставува Европа […]

Со учество од 1,4% во БДП и придонес за околу 7.000 работни места – ТИТАН Усје важен чинител во националната економија


Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“ покажува дека со придонес од 1,4% во бруто националниот производ, ТИТАН Усје има значајна улога во развојот на националната економија. Вкупното влијание на компанијата во економските активности, преку деловни активности, плати и даноци, минатата година изнесувале повеќе од 10,3 милијарди денари. Директните фискални приходи во државниот […]

Србија му го одзеде правото на „Визер“ да има база за авионите во Белград


  „’Визер’ остро го осудува планот на српските власти да ги прекршат своите обврски кон Европа со спроведување мерки насочени кон принудување на авиокомпанијата да ги суспендира операциите на базата во Белград од ноември 2026 година“, соопшти компанијата, повикувајќи се на измена на прописите од страна на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија. Во оваа […]

Португалија блокирана поради генерален штрајк


Португалските синдикати денеска почнаа генерален штрајк поради што е прекинат железничкиот сообраќај, стотици летови се откажани, училиштата се затворени, а во болниците се примаат само итните случаи. Тоа е втор генерален штрајк за шест месеци, организиран поради планираната владина реформа на Законот за работни односи. Реформата предвидува отстранување на ограничувањата за аутсорсинг и олеснување на […]

Макрон ќе го добие највисокиот орден на Црна Гора


  На францускиот претседател Емануел Макрон утре во Цетиње ќе му биде врачено највисокото државно одликување – Орден на Црна Гора од неговиот црногорски колега Јаков Милатовиќ. Кабинетот на Милатовиќ објави дека орденот е „израз на највисокото државно почитување кон Макрон за неговиот личен придонес во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, поддршката за европската […]

На судењето за „Пулс“ презентирани докази како работеле градежните инспектори


Со презентација на доказите за инспекциските надзори на општинските инспектори продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази, кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни […]

БГНЕС: Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот


Бугарија е во центарот на новата американска гасна шема за Балканот, во која амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, игра клучна улога. Се смета дека се подготвува 20-годишен договор за испораки на течен природен гас, во кој учествуваат американскиот Venture Global, грчкиот Atlantic SEE LNG Trade и бугарскиот државен снабдувач „Булгаргаз“, велат информирани извори. […]

ЕК ги менува правилата: Државите ќе можат да позајмуваат повеќе, но само под еден услов


  Европската комисија во среда предложи да им се обезбеди на земјите-членки поголем фискален простор за инвестиции што ја намалуваат зависноста од фосилни горива. Комисијата предлага клаузулата за отстапување од фискалните правила да се прошири и на енергијата, како што претходно беше одлучено за инвестициите во одбраната. ЕК им нуди на земјите-членки дека можат да […]