Разбиена шема за нелегално посвојување: Бебе предадено за 500 евра и други бенефиции


Кривична пријава против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на дете. Имено, ја убедиле мајката за 500 евра и за бесплатни гинеколошки прегледи, да го предаде детето на други.  Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и […]

Академија за судии и јавни обвинители исплаќала координатори чиј статус не е законски утврден


Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во Академијата за судии и јавни обвинители, односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот. Се исплаќале и дополнителни работни часови, што не е утврдено со Закон, а се делеле картички за гориво на „слепо“. Со извршената ревизија, изразивме мислење без резерва за […]

„Екипа на СНС за специјални задачи“: Кои се патниците на кои им беше забранет влез во Црна Гора


  Црногорската гранична полиција на аеродромот во Тиват вчера им одби престој и кратко пред 16 часот врати во Белград 87 српски државјани, меѓу кои има претежно лица со криминално досие, а со години се споменуваат во српските медиуми како лица ангажирани во специјални задачи на режимот на Српската народна партија (СНС), објавуваат подгорички „Вијести“. […]

6. Фестивал за класичен балет и модерен танц, наградата за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ за Зоица Пуровска-Велевска


Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Како што соопштуваат организаторите, ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители […]

Гувернерот Славески на регионален семинар во Приштина: Финансиската стабилност – приоритет во дигиталната трансформација


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, што се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем – соопштија […]

УЈП ја почнува третата фаза од проектот е-фактура


Стартува третата фаза од проектот е-фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот е-фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури, информира денеска УЈП.  Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. […]

Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава


 Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврнал во Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и […]

По шест месеци без сигнал, НАСА го прогласи нефункционално леталото Мавен


По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета. Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало […]

Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект. Ким нареди големо проширување на арсеналот


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на „експоненцијално“ проширување на атомскиот арсенал на земјата за време на посетата на нова фабрика за производство на нуклеарен материјал, објави државната медиумска агенција КЦНА. Ким рече дека производствениот капацитет за материјал за нуклеарно оружје се зголемил повеќе од двојно во последните пет години и им нареди на службениците […]

Перез го враќа Мурињо на клупата на Реал Мадрид


Актуелниот претседател на Реал Мадрид гФлорентино Перез го претстави својот главен адут во трката за позицијата на врвот на клубот – тоа е тренерот Жозе Мурињо. Португалецот на клупата на „кралскиот клуб“ од 2010 до 2013 година. Објавата на социјалните мрежи се појави во моментот кога противкандидатот на Перез Енрике Рикелме гостуваше во емисија. Во […]

„Спејс икс“ стреми кон иницијална јавна понуда од 1,75 билиони долари


  „Спејс икс“ (SpaceX) на Маск планира да постави фиксна цена од 135 долари по акција пред официјално да излезе на берза, изјави лице запознаено со ова прашање за Си-Ен-Би-Си во среда. Вообичаено, во оваа фаза од процесот, новите издавачи ќе понудат низа цени што им овозможуваат на компанијата и нејзините советници да ја проценат […]

Намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење […]

Без вода викенд населбата Моране


Поради водоводен приклучок, без вода од 07:40 часот се корисниците во викенд населбата Моране, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Најмалку осуммина загинати во израелски напади врз Газа


Најмалку осум лица се убиени рано утрово во израелски воздушни напади врз градот Газа, изјави портпаролот на палестинската цивилна заштита. Пет лица загинале во напад врз станови во северозападниот дел на градот Газа, а две во напад врз станови во југозападниот дел на градот. Уште едно лице загинало во воздушен напад врз куќа во бегалскиот […]

БИА го советува Вучиќ да не патува во Тиват


Безбедносната и информативна агенција на Србија доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“. Како што е наведено во соопштението, таков совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“. „Според нашите […]

Њујорк го доби првиот финален дуел против Сан Антонио


Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12.та победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со […]

Трамп најави учество на Самитот на Г-7 во Франција


Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави дека ќе присуствува на Самитот на Г-7 што од 15 до 17 овој месец ќе се одржува во Франција. Трамп преку својата платформа „Truth Social“ соопшти дека во Франција ќе отпатува веднаш по настанот на 14 јуни во Белата куќа, огранизиран по повод неговиот 80-ти роденден на кој, како што […]

Со концерт на Националниот џез оркестар вечер се отвора „Џез стрим фестивал“ во Струмица


Во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ вечер со почеток во 20:00 часот, со концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде отворено првото издание на„Џез стрим фестивал“ во Струмица. Како што информираа од оркестарот, публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро […]

Политички удар против Трамп во Конгресот. Некои републиканци гласаа против војната со Иран


Претставничкиот дом на САД во среда усвои резолуција предложена од демократите, со која се наредува повлекување на американските сили од војната против Иран сè додека Конгресот не одобри понатамошни воени дејствија, што е политички удар за Доналд Трамп, кој на 28 февруари ги вклучи САД во тој конфликт. Претставничкиот дом гласаше со 215 гласови наспроти […]

Мицотакис во Софија на средба со Радев


Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на премиерот на Бугарија Румен Радев и неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана […]