По шест месеци без сигнал, НАСА го прогласи нефункционално леталото Мавен
По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета.
Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало да функционира на почетокот на декември откако се нашло зад Марс. Податоците покажале дека леталото влегло во состојба на брзо ротирање, што ја нарушило неговата орбита и довело до целосно празнење на батериите.
Истражната комисија формирана од НАСА, заклучила дека вселенското летало повеќе не е оперативно и дека не постои можност да биде вратено во функција.Истрагата за дефектот сè уште продолжува.Мавен не само што ја проучуваше атмосферата и временските услови на Марс, туку минатата година набљудуваше и залутана меѓуѕвездена комета. Леталото имаше и важна улога во пренесувањето на податоци од роверите „Кјуриосити“ и „Персеверанс“, кои и натаму ја истражуваат површината на Марс.Главната истражувачка на мисијата, Шенон Кари од Универзитетот Колорадо во Болдер, изјавила дека Мавен во текот на својата работа дошол до низа значајни научни откритија.
-Мавен навистина го унапреди нашето разбирање на атмосферата на Марс и на неговата еволуција. Леталото во текот на својата работа дојде до низа значајни научни откритија, изјавила главната истражувачка на мисијата, Шенон Кари од Универзитетот Колорадо во Болдер
Според експертите, оваа мисија се смета за една од најуспешните мисии на НАСА посветени на проучувањето на Марс, а нејзините податоци ќе продолжат да се користат во научните истражувања.