Њујорк го доби првиот финален дуел против Сан Антонио


Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12.та победа во низа во плеј офот.

Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со 55:48, но противникот во вториот дел со одличната одбрана им дозволи да постигнат само 40 поени и направи разлика од 17 поени за конечни 105:95.

Најефикасен на натпреварот беше играчот на Њујорк Џејлен Брансон со 30 поени, додека кај Сан Антонио Виктор Вембањама постигна 26 поени со 12 скока.

Следниот натпревар се игра петок на сабота во 02:30 часот на теренот на Сан Антонио.