Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2026 година, изнесува 2.782,3 милиони евра и бележи пораст од 6,9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 3.950,2 милиони евра, што е зголемување од 5,9 % во споредба со 2025 година […]

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти


 Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува – изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на […]

ЕУ ќе ги почне преговорите со Западен Балкан за укинување на роамингот


Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци […]

Влажната пролет донесе многу мали желчиња во Преспа


Преспанскиот Регион претставува вистинска лабораторија на отворено, што јасно го потврдуваат и тековните теренски истражувања на биолошката разновидност кои Македонското еколошко друштво ги спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“. Долж крајбрежјето на Преспанското […]

Битиќи: Граѓаните можат да купуваат сè помалку, тоа е вистинската мерка за економијата


  Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција истакна дека економијата не се мери со владини самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата. „Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата – колку килограми овошје, колку месо, колку литри […]

Драмски театар со претставата „Мачкина глава“ го отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“


Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во […]

Реакција по притворот на Богоев: „Да сакал да избега, немаше вас да ве чека“


Адвокатот Виктор Божиновски на социјалните мрежи остро реагираше на одлуката за определување притвор за Стефан Богоев, доведувајќи ги во прашање законските основи врз кои е донесена мерката.   Во објава на социјалните мрежи, Божиновски прашува како е можно притворот да биде определен врз основа на член 165, став 1 и 2, кои се однесуваат на […]

Гостиварка „дивеела“ во домот: Го натепала сопругот, му го скршила телефонот и дел од покуќнината


Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село. -Полицијата постапи по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон, информираат од СВР Тетово. […]

Жесток судир на нервозниот Рама со новинарка на Си-Ен-Ен: Ние не убиваме фламинга


  Албанскиот премиер Еди Рама вчера зборуваше во интервју за Си-Ен-Ен за контроверзниот проект Звернец, во кој е вклучен зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. И поради кој веќе неколку дена има големи протести во Албанија. Проектот е изградба на ликсузент ресорт на подрачје кое е важен природен резерват и живеалиште на фламинга. Интервјуто беше […]

Александер Стуб предлага ЕУ да се прошири дури на 40 земји


Финскиот претседател Александер Стуб предложи Европската Унија да размисли за проширување од сегашните 27 на дури 40 земји, објави „CNBC“. Стуб ги повика европските лидери да „размислуваат широко“ и да ја земат предвид географијата при обликувањето на иднината на Унијата. „Треба да прошириме или барем да создадеме механизми за членство кои се доволно флексибилни за […]

Како Македонија да стане туристички препознатлива дестинација?


 Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната […]

Годинава не се планира нова еврообврзница, вели Димитриеска Кочоска


До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии […]

Муцунски најави можна средба на високо ниво во Софија


  Следната недела очекувам со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да бидеме во Софија на регионален настан каде што би се сретнале повторно со нашите колеги и би разговарале, изјави министерот за надворешни работи  Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по настан во Скопје. Муцунски вели дека во моментов не е договорена таква средба, но додава дека […]

ЗНАМ во алтернативна реалност: Македонија оди напред кон ЕУ


  Помалиот владин партнер ЗНАМ денеска соопштува дека посетата на прфетседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, покажала дека Македонија се движи напред кон ЕУ и дека тоа било препознаено од европските институции. Само што Кошта изјави дека за да се оди напред прво треба да се направат уставните измени. „Македонија денес е препознаена како една […]

Над 100 учесници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција разгледуваат можности за соработка


Над 100 претставници од ИКТ-компании и институции од Македонија и Грција денеска во Скопје ги разгледуваат можностите за соработка во областа на дигиталната трансформација, иновациите и развојот на ИКТ-секторот. Се очекуваат конкретни договори и проекти финансирани од европски пари.  Претседателот на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Јордан Димитрoвски, вели дека целта […]

Прегазено дете во Бутел – жителите излегуваат на протести поради безобзирните возачи


        Дете вчера било прегазено кај Радишани, во општина Бутел. Полицијата со детали за сообраќајната несреќа во Бутел во која беше прегазен малолетник. Инцидентот се случил завчера попладне.  – На 02.06.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.,,Бутелска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, […]

Загина војник на Србија во Либан: Ракета паднала врз базата на ОН


  Припадник на српската армија, постар водник Милован Јовановиќ, кој беше ангажиран како дел од мировните сили на Обединетите нации во Либан, почина утрово како последица од повредите предизвикани од паѓање на проектил врз базата на ОН каде што беа стационирани мировните сили, вклучувајќи го и дел од српскиот контингент, соопшти српското Министерство за одбрана. […]

Орце го цитира Мицкоски за идентитетот на состанок на општини во Брисел


  Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера во Брисел беше копретседавач на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу македонските општини и локалните власти од земјите членки на Европската унија. Не дознавме како комитетот на регионите може да им помогне на македонските општини, но јавноста беше запознаета како градоначалникот […]

Драма во Белград: Избувна пожар во амбасада на Дедиње (видео)


Пожар избувна во зградата на пакистанската амбасада во белградско Дедиње во четврток. Фотографиите објавени на Инстаграм страницата „Мојот Белград“ покажуваат густ чад што излегува од еден од горните катови на зградата на амбасадата. Засега не е познато што го предизвикало пожарот ниту како започнал, пишува Nova.rs. Надлежните служби сè уште не дале официјално соопштение за […]

Странски работници во Италија заклучени во автомобил и живи запалени


Четири странски земјоделски работници биле изгорени живи во автомобил во Амендолара, Италија, вчера, а полицијата уапси двајца осомничени Пакистанци. Три од жртвите се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој избегал кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата фокусирана на конфликти околу земјоделски работни места, објавија италијанските медиуми. Пожарот избувнал вчера […]