Загина војник на Србија во Либан: Ракета паднала врз базата на ОН


 

Припадник на српската армија, постар водник Милован Јовановиќ, кој беше ангажиран како дел од мировните сили на Обединетите нации во Либан, почина утрово како последица од повредите предизвикани од паѓање на проектил врз базата на ОН каде што беа стационирани мировните сили, вклучувајќи го и дел од српскиот контингент, соопшти српското Министерство за одбрана.

„На постариот водник Јовановиќ му беше укажана итна медицинска помош во болницата во базата откако беше ранет, а потоа беше префрлен со хеликоптер во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што почина околу 4 часот наутро по локално време“, се вели во соопштението.

Уште двајца припадници на меѓународните сили беа повредени во нападот – еден од вооружените сили на Ел Салвадор и еден од вооружените сили на Шпанија, се додава.