Најмалку осуммина загинати во израелски напади врз Газа
Најмалку осум лица се убиени рано утрово во израелски воздушни напади врз градот Газа, изјави портпаролот на палестинската цивилна заштита.
Пет лица загинале во напад врз станови во северозападниот дел на градот Газа, а две во напад врз станови во југозападниот дел на градот. Уште едно лице загинало во воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Шати, во западниот дел на градот, соопшти портпаролот Махмуд Басал.
Во нападите исто така се ранети најмалку 15 лица, додаде тој.
Според податоците на Министерството за здравство на ова подрачје, кое е под управа на палестинското исламистичко движење Хамас, повеќе од 900 луѓе се убиени од октомври 2025 кога стави во сила примирје, кое следуваше по две години војна која почна на 7 октомври 2023 година со терористички напад на Хамас врз Израел.