Драма во Белград: Избувна пожар во амбасада на Дедиње (видео)


Пожар избувна во зградата на пакистанската амбасада во белградско Дедиње во четврток.

Фотографиите објавени на Инстаграм страницата „Мојот Белград“ покажуваат густ чад што излегува од еден од горните катови на зградата на амбасадата.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот ниту како започнал, пишува Nova.rs.

Надлежните служби сè уште не дале официјално соопштение за инцидентот, а во моментов нема информации за повредени лица. Исто така, не е познат обемот на материјална штета.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)