Столе Димитриевски останува во Валенсија до 2028 година


Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори […]

Протоколот „преживеа“, отпадна барањето на Вајц да се разјасни дали е услов или не е


  Протоколот потпишан меѓу Бугарија и Македонија „преживеа“ во извештајот на Европскиот парламент. Ова е главната вест, откако протекоа компромисните амандмани што беа изгласани вчера во Комитетот за надворешни работи на ЕП. Веста поточно не е дали Протоколот ќе биде внатре или не, туку дали ќе помине амандманот 108  на известувачот Томас Вајц, со кој […]

Завршни подготовки за светското универзитетско карате првенство во Бразилија


Македонската универзитетска репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.  […]

Каја Калас ја откажа посетата на Црна Гора пред самитот ЕУ-Западен Балкан, Макрон пристигна


Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ја откажа планираната посета на Црна Гора, потврдија неколку извори, додека причините за оваа одлука засега се непознати. Калас требаше да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи во Тиват, а нејзината посета беше планирана како дел од […]

Почна 25. ОФФест: Уникатниот звук на балафон и африканските ритми ја маѓепсаа публиката


Два концерти и две уникатни музички изведби на почетокот на годинашниот 25. по ред ОФФест синоќа во Националната опера и балет во Скопје ги маѓепсаа присутните кои имаа можност да го слушнат виртуозот на оригиналниот африкански инструмент балафон, Ласана Диабате и заразните африкански ритми и социјално ангажирани песни на феноменалните БЦУЦ од Совето во Јужна […]

Жерновски: И Кошта и Вајц го потврдија она што го зборува СДСМ – реформи нема


  Македонската јавност имаше можност од највисоко европско ниво да добие три важни и целосни потврди за она што го зборувавме како партија со месеци наназад, а кое беше демантирано од страна на владејачката ВМРО, изјави на прес-конференција секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски. „Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача […]

Чуден молк околу извештајот на Вајц за Македонија


  Наспроти драмата што го следеше пишувањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент, гласањето вчера во Комитетот за надворешни работи помина речиси беа реакции и речиси без информации. Освен штурото соопштение од ЕП, во кое се спомнува дека немаме прогрес во владеењето на правото и борбата против корупцијата и сме раскарани внатре, никој реално […]

„Победата е невозможна“: Воените јастреби отворено застанаа против Путин


  Сè поочигледната немоќ на Русија да го пробие ќор-сокакот на бојното поле во Украина ги наведе влијателните гласови во рускиот естаблишмент јавно да повикуваат на прекин на конфликтот. Главното прашање е дали претседателот Владимир Путин ќе ја признае таа реалност и ќе се откаже од својата намера да ја уништи украинската независност. Во петтата […]

Маржан Сатрапи, авторката на култниот „Персеполис“, почина „од тага“ на 56-годишна возраст


Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон во четврток објави дека Маржан Сатрапи, француско-иранската авторка и илустраторка зад популарната серија графички новели и филмот Персеполис, почина на 56-годишна возраст. „Персеполис“ е приказна за авторката која растела во Техеран за време на Исламската револуција во 1979 година, пред нејзините родители да ја испратат во Европа. Таа беше […]

Мицотакис во Софија: Бугарија и Грција станаа стратешки партнери


  Бугарија и Грција станаа силна оска на стабилност и гарант на европската перспектива на целиот регион на Југоисточна Европа. Ова го изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, кој е во посета на Софија. Пред изјавата за медиумите, двајцата имаа разговор во четири очи, по што имаа проширен состанок […]

Падна мал авион кај Пула во Хрватска, загинаа четворица


Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во меѓувреме, беа објавени првите фотографии од местото на трагедијата, а познати се и детали за самиот авион и моментите пред падот. Официјално е потврдено дека во малиот авион имало вкупно четири лица и дека, за […]

Комисијата за хартии од вредност ги додели годишните награда за млади истражувачи за 2026


Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал. Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на […]

Брутални судири меѓу демонстрантите и полицијата во Брисел (видео)


Во Брисел, главниот град на Белгија, денес избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестите против планираните реформи во образовниот систем, јавија белгиските медиуми. Повеќе од 1.000 луѓе, претежно млади демонстранти, се собраа пред железничката станица „Брисел Централ“ за да протестираат против планираните реформи во образованието во франкофонската федерација Валонија-Брисел, а низ целиот […]

Миланов: Млечните производи со несоодветни декларации се безбедни, но со нарушен квалитет – ќе ги објавиме фирмите


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, […]

Фетаи ќе биде назначен за специјален претставник на владата во Брисел


Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел. Градоначалникот на Чаир рече дека тој  всушност поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување за да биде ангажиран на оваа нова позиција. Фетаи речиси два месеци на се појавуваше на владините седници […]

Секој што нелегално доаѓа во ЕУ ќе биде вратен или во земјата на потекло или во еден „return hub“ вон ЕУ


Европа треба да испрати јасна порака дека секој што доаѓа нелегално во Европа ќе биде вратен или во земјата на неговото потекло или во еден „return hub“ во земја надвор од Европската Унија, порача министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис по состанокот што го имал со неговите колеги од Германија, Австрија, Холандија […]

Каја Калас го откажа учеството на самитот ЕУ-Западен Балкан


  Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, го откажа учеството на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи утре во Тиват, потврдено ѝ е на РТЦГ. Причините за откажувањето сè уште не се познати. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи во петок, 5 јуни, а домаќин ќе биде […]

По 10.000 евра МОН дава за 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија


МОН ќе го финансира спроведувањето на 14 заеднички научно-истражувачки проекти на Македонија и Австрија во областа со голем развоен потенцијал, паметно земјоделство и храна, информациски и комуникациски технологии, електро и машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради, енергија на иднината и туризам. Денеска беа потпишани договорите со добитниците, а финансиската поддржка изнесува 10.000 евра или […]

Следната недела ќе се прераспределува „колачот“ во Владата – можни нови имиња или промена на ресори


Во наредните денови се очекува да се разговара за принципите и за можна промена на ресори и имиња, рече копретседателот на Вреди и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Албанскиот саем на книгата денеска во Скопје. Меџити рече дека се договорени со партнерите во Владата дека ќе има […]

Во Албанија врие. Големи протести против Рама за луксузниот ресорт на зетот на Трамп


  Протестите во Албанија поради предложеното луксузно одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се очекува да се интензивираат откако противниците ја отфрлија понудата од премиерот на земјата „да разговараат за решенија“. Илјадници луѓе излегоа на улиците на Тирана трет ден по ред во средата, некои од нив мавтајќи со надувувачки фламинга во […]