Фетаи ќе биде назначен за специјален претставник на владата во Брисел
Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, објави дека досегашниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник на владата во Брисел. Градоначалникот на Чаир рече дека тој всушност поднел оставка од функцијата вицепремиер за добро управување за да биде ангажиран на оваа нова позиција.
Фетаи речиси два месеци на се појавуваше на владините седници и не остваруваше никаква видлива активност како вицепремиер за добро владеење, а истовремено ја добиваше платата.
Меџити додаде дека коалициските партнери начелно се согласиле за реконструкција на владата, но дека сè уште не седнале да разговараат за принципите на поделба на ресори.
Инаку, фетаи и пред формално да престане да работи не покажа којзнае каква видливост за да добива ваква „апанажа“ на странска адреса. Да беше некој кадар што не смее да го изгуби Македонија ќе си заработеше самиот пари во Брисел, а Македонија ќе ја застапуваше без пари, за укажаната доверба.