Реакција по притворот на Богоев: „Да сакал да избега, немаше вас да ве чека“


Тој дополнително прашува на кои сведоци би можел да влијае Богоев и дали постои реална опасност од прикривање или уништување докази.

Во својата реакција, адвокатот упати и остри критики кон институциите, оценувајќи дека случајот можеби се користи за дефокусирање на јавноста од актуелните политички случувања и пораките што пристигнаа од Европската Унија.

„Ако со ова го прикривате ‘шамарот’ од ЕУ, браво! Ама и вас ќе ве стигне истото“, напиша Божиновски во објавата.

Инаку, според информацијата што ја објави ЈОРМ, Богоев е обвинет за местење тендер за што зел мито од 1.800 евра. Иако корупција е корупција, колку и да се пари во прашање, сепак останува праксата притворот да се користи како казна, зошто вообичаено нема епилог на судењата во Македонија. Испаѓа дека осомничените се праќаат како на привремена работа во Шутка, бидејќи ако бидат ослободени граѓаните треба да им плаќаат оштета. овој пример покажува колку и Бугарија е држава за нас, иако е озогласена исто така околу владеењето на правото. Така неделава, двајца обвинети за злоупотреба со кредити се пуштени на слобода откако понудиле одредена финансиска гаранција.