Мицотакис во Софија на средба со Радев


Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на премиерот на Бугарија Румен Радев и неговиот колега од Грција Кирјакос Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиер, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.