СДСМ го одржува 32. Конгрес


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – […]

Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места


 Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев, Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат […]

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети


Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот. Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале […]

Мнозинството Британци не сакаат укинување на правилата за Брегзит


 Мнозинство британски граѓани не сакаат да ги поништат правилата за Брегзит, покажува новото истражување спроведено од организацијата „Britain Unbound“ во соработка со YouGov. Според тоа истражување, околу 60 отсто од испитаниците изјавиле дека не би биле подготвени да се откажат од дел од законодавниот суверенитет заради поблиска економска соработка со ЕУ. Околу 27 отсто од […]

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите на кој ќе го претстави системот за издавање СМАРТ лиценци, наменет за лиценцирање субјекти кои вршат јавни овластувања – со пилот лиценци за даватели на квалификувани доверливи услуги. Системот, како што информираат од Министерството, содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и […]

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори


Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10 за да разговараат за континуирана поддршка за Украина, јави ДПА. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли во петокот понудата на Зеленски за разговори за […]

Парламентарни избори во Ерменија


Граѓаните на Ерменија денеска гласаат на избори за нов состав на парламентот, а гласањето се смета за важен тест за поддршката на премиерот, Никол Пашињан, и неговата политика на зближување со Западот и нормализација на односите со Азербејџан по конфликтот околу Нагорно-Карабах. Според предизборните анкети, владејачката партија на Пашињан „Граѓански договор“ води со поддршка од […]

Високи температури до 34 степени, попладне можни грмежи и краткотрајно невреме


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, а максималните […]

Австриските медиуми во криза: Бран отпуштања и суспензија на субвенциите


Медиумскиот сектор во Австрија се соочува со сериозни финансиски проблеми и бран отпуштања, при што повеќе од 1.000 новинари и медиумски работници се невработени од почетокот на годината, а до крајот на 2026 година тој број би можел да се удвои, откако вицеканцеларот и министер за медиуми Андреас Баблер ги блокираше планираните медиумски субвенции, објави […]

На дел од делегацијата на иранската репрезентација, одбиени американски визи пред СП 2026


На дел од делегацијата на иранската репрезентација, вклучувајќи ги и членовите на тренерскиот штаб, им беа одбиени американски визи пред Светското првенство, објави АФП, повикувајќи се на иранската амбасада во Турција. На 3 јуни, иранскиот амбасадор во Турција објави дека играчите на репрезентацијата добиле визи. Американскиот амбасадор во Турција денес објави дека играчите и помошниот […]

Јаневска на промоцијата на 22. генерација апсолвенти на УЈИЕ во Тетово: Бидете генерација што ќе гради заедница темелена на знаење и интегритет


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска се обрати на свечената церемонија на која беше промовирана 22. генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, што се одржа во кампусот во Тетово. -Дојдовте во последната фаза на студирањето и полека влегувате во гласен и сложен свет, воден од интензивен научен развој. Но, влегувате подготвени. Уште […]

Израел нападнал околу 150 позиции на Хезболах во јужен Либан за 48 часа


Израелската армија вечерва соопшти дека нападнала околу 150 позиции на либанското исламистичко движење Хезболах во јужен Либан во изминатите 48 часа. Целите вклучувале „складишта за оружје, штабови, ракетни лансери или проектили“, се вели во соопштението на израелската армија. Либанскиот претседател Жозеф Аун ги осуди „непрестајните израелски напади кои остануваат неказнети“ и покрај наводно воспоставениот прекин […]

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула


Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација, соопшти Општина Чаир. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место. -Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот […]

45. Марш за ангелите: Дали секој што имал должност ја извршил совесно


По 45. пат денеска во Кочани се одржа Марш на ангелите во кој родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ уште еднаш побараа правда и вистина за своите најблиски. „Кога пред родители што ги изгубиле децата се зборува која поголема жртва, тоа не е одбрана, тоа е газење врз нашата болка. Не бараме […]

Утре СДСМ ќе го одржи 32. Конгрес, нова идеолошка платформа и програмска рамка


Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес на СДСМ, најавија од партијата.  „32 Конгрес е за новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ кои во финална фаза треба да бидат усвоени“, велат од СДСМ. Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресоткаде што ќе има обраќање […]

Трамп повторно објави видео со вештачка интелигенција. Невозможно е да се опише


  Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја искористи својата социјална мрежа Truth Social за да објави сосема лудо видео, генерирано од вештачка интелигенција, кое го прикажува во различни ситуации низ целиот свет, додека во позадина ечи песна, чиј текст  уверува дека „сите го сакаат“. Видеото со вештачка интелигенција се состои од монтажа на кадри во […]

Антонели победи на квалификациите за ГН на Монако


Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификации за шестата етапа од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако. Антонели извози најбрз круг со време од 1:12.051 минута. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0.043 секунди), додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши трет (+0.228 секунди). Четвртото место му припадна […]

Извештај на ОН: Просечно лице јаде шест пати повеќе пилешко месо отколку во 1961 година


Просечно лице јаде околу шест пати повеќе пилешко месо и двојно повеќе свинско месо од генерацијата на неговите баби и дедовци, покажува извештај на ОН, а глобалната понуда на месо се зголемила четири пати во последните 60 години и се очекува да продолжи да расте. Понудата на живина се зголемила од помалку од 3 кг […]

Пукал во соселанец и го повредил, полицијата го уапси


 Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава дека пукал со огнено оружје кон соселанец и му нанел повреда. Како што информираат од МВР, денеска околу 16:10 часот И.Ш. од село Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и […]

Дипломатскиот кор и локални клубови на велосипедска тура околу Охридското Езеро


Со учество на велосипедисти од дипломатскиот кор и локални велосипедски клубови денеска околу Охридското Езеро се возеше Велосипедската тура организирана во рамки на завршницата на Месецот на Европа и одбележувањето на Денот на Европската Унија во Северна Македонија. Велосипедската тура започна во Струга, а потоа трасата продолжи преку Поградец во Албанија, па преку Охрид и […]