Антонели победи на квалификациите за ГН на Монако


Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификации за шестата етапа од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако.

Антонели извози најбрз круг со време од 1:12.051 минута.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0.043 секунди), додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши трет (+0.228 секунди).

Четвртото место му припадна на возачот на Ферари, Шарл Леклер (+0.300). Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, заврши петти (+0.383).

Шестата трка сезонава во Формула 1 се одржува во Монако од 5 до 7 јуни. Главната трка ќе се вози утре од 15 часот.