Израел нападнал околу 150 позиции на Хезболах во јужен Либан за 48 часа
Израелската армија вечерва соопшти дека нападнала околу 150 позиции на либанското исламистичко движење Хезболах во јужен Либан во изминатите 48 часа.
Целите вклучувале „складишта за оружје, штабови, ракетни лансери или проектили“, се вели во соопштението на израелската армија.
Либанскиот претседател Жозеф Аун ги осуди „непрестајните израелски напади кои остануваат неказнети“ и покрај наводно воспоставениот прекин на огнот.
Во израелските воздушни напади во јужен Либан денеска загинаа девет лица, вклучувајќи тројца војници на либанската армија, соопштија либанската армија и државните медиуми – само неколку дена откако двете страни постигнаа нов договор за прекин на огнот.
Израелската армија нареди итна евакуација на сите жители од пет градови и села во јужен Либан. Портпаролот на армијата, Авихаи Адраех, ги предупреди жителите на арапски јазик дека веднаш треба да ги напуштат своите домови за сопствена безбедност и да се преселат северно од реката Сахрани.