Градоначалникот на Москва објави дека градот бил нападнат од повеќе од 390 дронови (видео)
Градоначалникот на Москва во вторник објави дека руската престолнина била цел на напад од повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите се оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатиле кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив биле неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Сергеј Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 непријателски дрон биле уништени на пристапот кон Москва“.
Најголемиот руски логистички центар „Вајлдберис“, кој се наоѓа во Кољедино во близина на Москва, наводно е во пламен.
Russia’s largest Wildberries logistics centre, located in Kolyedino near Moscow, is reportedly on fire.
According to Russian media, the blaze has spread across more than 250,000 square metres. The cause of the fire has not yet been officially confirmed. pic.twitter.com/Effbnl6Kg2
— Saint Javelin (@saintjavelin) July 28, 2026
Гувернерот на Московскиот регион, Андреј Воробјов, напиша на истата апликација за штетата на една станбена зграда и неколку куќи, наведувајќи дека засега нема информации за жртви.
Министерство за одбрана: Неутрализирани 356 дронови
Руското Министерство за одбрана објави дека во над петнаесет региони, вклучувајќи ја и Москва, 356 украински дронови биле неутрализирани во период од тринаесет часа, од понеделник навечер до вторник наутро.
Разликата во наведениот број на дронови не е објаснета, пишува Франс Прес.
Засегнати челичарници и магацин
Украинските медиуми, повикувајќи се на воени блогери, пишуваат дека во нападите наводно била погодена челичарницата „Хидросталконструкција“ во Чехов во Московскиот регион. „Киев Индепендент“ пишува дека бил погоден и магацин во Коледин, место на 20 километри јужно од Москва, и дека претходно во текот на ноќта била погодена и трафостаница во Феодосија, мал град во окупираниот Крим.