Грозоморен случај во Франција: Отишла да се породи, а нејзиниот сопруг бил шокиран од она што го пронашол во кутиите во нивниот дом
Француските власти го истражуваат ужасниот случај откако телата на пет новороденчиња беа пронајдени во семејна куќа во јужниот град Оранж во вторник.
Според француските медиуми, грозоморното откритие се случило само неколку часа откако жената, родена во 1994 година, родила здраво машко бебе во болница.
Сопругот бил надвор од куќата во понеделник кога неговата сопруга отишла во болница со болки во стомакот, каде што се породила. По претходна расправија за содржината на неколку картонски кутии во куќата, тој решил да ги прегледа. Во една од нив, наводно, пронашол тело во распаѓање и веднаш ја известил болницата, која го пријавила случајот на властите, пишува Le Parisien.
По наредба на полицијата е извршен претрес на семејниот дом. Истражителите пронашле остатоци од пет новороденчиња во картонски кутии. Според достапните информации, телата биле складирани во пластични кеси во кутиите.
Двојката, која претходно не им била позната на полицијата или социјалните служби, веќе има две деца, на возраст од осум и дванаесет години. Сопругот е вработен, додека сопругата е домаќинка.
Жената е сè уште во болница по породувањето и сè уште не е приведена. Околностите за смртта на новороденчињата сè уште не се утврдени, а истрагата е во тек. Јавното обвинителство во Карпентрас сè уште официјално не го коментирало случајот.