Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
Најмалку 12 лица се повредени во пукање на фестивалот Олд Вест Енд во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа, околу 23 часот по локално време, кога полицијата им помагала на посетителите да се разотидат по завршувањето на настанот.
Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, а уште две се повредени додека бегале од местото на настанот. Возраста на повредените се движи од 16 до 51 година.
Двајца од повредените лица е во критична состојба. Фестивалот „Олд Вест Енд“ е еден од најголемите во регионот, а годинава го прослави својот 51-годишен јубилеј.
Заега нема приведени, соопшти полицијата.