Куба почна да им дели пушки на цивилите


Куба почна да дели оружје на своите граѓани бидејќи властите стравуваат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник Version Final. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дели оружје […]

Ја демнел поранешната сопруга: Со закани барал пак да живеат заедно


На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“. -Полицијата постапила по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа […]

Удрил велосипедист, го однел во амбуланта и си заминал – Се пријавил сам додека полиција вршела увид


На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки удрило во велосипедистот А.М. (29) од Тетово. -По несреќата, возачот со возилото го пренел повредениот велосипедист во приватна амбуланта во село Нераште, […]

Два земјотреса регистрирани на Евија


 Два последователни умерени земјотреса денеска се регистрирани на грчкиот остров Евија. Првиот земјотрес бил со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а вториот со 5,2 степени, со епицентар во северниот дел на Евија. Земјотресите биле почувствувани и во Атина, околу 130 километри оддалеченост од епицентарот. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална […]

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“


Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид. Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија. Во женска […]

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице


Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска ги пречека првите 239 патници од Вроцлав, Полска, кои пристигнаа со новата авиолинија на авиокомпанијата Wizz Air. Со ова официјално започна сообраќањето на новата редовна линија меѓу Охрид и еден од најатрактивните полски градови. По повод првиот лет, ТАВ Македонија организираше свечен пречек за патниците, кои беа послужени […]

Јакимовски бара трудовиот инспекторат да го провери отсуството на Лукровски


Лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, побара Трудовиот инспекторат да постапи во врска со отсуството од работа на актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, тврдејќи дека неговото боледување истекло на 30 мај и дека оттогаш не се појавил на работното место. Јакимовски, во изјава пренесена од Инфомакс, се повика на […]

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците


Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на градот кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците.    -Кривична против е поднесена против А.Љ.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење на работи од […]

Проширувањето на охридскиот аеродром се одвива без да попречи во неговата работа


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкцијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Со проектот е предвидено да бидат обезбедени дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, за поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри […]

Филипче од 32. Конгрес на СДСМ: Демократијата замира – скапотија за граѓаните и празен ПР од власта


Македонија се наоѓа пред историска можност за забрзување на европската интеграција, оценувајќи дека актуелната власт нема јасен план за напредок кон Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 32. Конгрес на партијата и ја обвини за економски застој, слабеење на институциите и зголемена политичка контрола врз правосудството и медиумите. Тој повика на обединување […]

Енцо подготвен да потпише петгодишен договор со Реал


Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез, е подготвен да потпише петгодишен договор со Реал Мадрид. Според „Ел Дебет“, 25-годишниот Аргентинец сака да се пресели во мадридскиот клуб, кој е заинтересиран да го гажира, но е попречен од цената што ја бара Челзи од 138 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред има одиграно 54 […]

Бразилецот Весли се повреди пред СП 2026


Бразилскиот одбранбен фудбалер Весли се повреди на пријателскиот натпревар против Египет (2:1). Натпреварот се одигра ноќеска во Кливленд. Дваесет и двегодишниот фудбалер го напушти теренот поради повреда во 17. минута. Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, истакна дека националниот тим би можел да го замени Весли доколку повредата го спречи да игра на Светското првенство. -Штета […]

Во Албанија се помасовни протестите против Зврнец, се проширија и во дијаспората


Се помасовни се протестите во Албанија против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец и островот Сазан. Во Тирана синоќа на главниот плоштад се одржа седмиот по ред протест, на кој четири часа учесниците го изразуваа своето противење за проектот, порачувајќи дека „Албанија не е на продажба”. Учесниците меѓу кои и културни работници дури и новинари, […]

Андоновски: Воведуваме систем на СМАРТ лиценци – со едно скенирање на код ќе се проверува валидноста


Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што […]

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела


Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес објавува официјални документи од Агенцијата за катастар кои отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, еден од најблиските соработници на Изет Меџити, се наведува во соопштениет. Според официјалните податоци од Катастарот: • Во […]

Хрватска ќе мора да собира и тетрапак пакувања и помали шишенца : Се заканува ново зголемување на цената


Од 1 јануари следната година, во Хрватска ќе мора да се воспостави систем за враќањена амбалажата од производи во тетрапак или шишиња помали од два децилитри, што би можело да доведе до зголемување на цената. Системот за такса за враќање, кој моментално предвидува 10 центи за секое собрано пластично или стаклено шише и лименка, ќе […]

Билети од 300 евра за концерт: Кој ги диктира цените во Филхармонијата?


Прашањето за ценовната политика на културните настани во земјава и достапноста на врвната уметност за пошироката јавност се најде во фокусот на дебатите, откако информациите за билети кои достигнуваат сума од триста евра за одредени концерти во националната Филхармонија предизвикаа бројни реакции. На ваквите бранувања во јавноста со конкретно појаснување излезе министерот за култура и […]

Норвешката принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови


Норвешката престолонаследничка принцеза Мете-Марит е ставена на листа за трансплантација на бели дробови, соопшти Кралскиот двор на Норвешка. Одлуката е донесена по детални медицински прегледи, поради сериозно влошување на нејзината хронична белодробна болест. Мете-Марит, која има 52 години, во 2018 година беше дијагностицирана со белодробна фиброза, прогресивна и тешка болест што предизвикува оштетување и лузни […]

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула


Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос во 2026 година, израмнувајќи го достигнувањето на поранешниот шпански број 1, Давид Ферер. Во полуфиналето, третиот светски број го победи Чехот Јакуб Меншик со 7:5, 6:2, 3:6 и 6:3. Натпреварот траеше 2 часа и 59 минути. Оваа победа беше 44-та на Зверев во сингл […]

Вонредни парламентарни избори во Косово


Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. […]