Во Собранието седници ќе одржат повеќе комисии


– Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност, како и Законодавно-правната комисија. Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлогот на законот за високи раководители, во прво читање, додека Комисијата за […]

Предупредување од ЕК до Албанија: Спорниот туристички проект може да го загрози патот кон членството


Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да влијае врз нејзиниот напредок на патот кон членство во Европската Унија, објави Ора њуз, повикувајќи се на Политико. Предупредувањето доаѓа во период кога во Албанија повеќе дена […]

Одбележување 165 години од „Зборникот на Миладиновци“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност […]

Експлозии во Техеран, Израел одговори на нападите


Израел и Иран повторно разменија напади со ракети, што е најсериозната ескалација од априлското примирје. Израел тврди дека погодил воени цели во западен и централен Иран откако пресретнал ирански ракети, додека Иран вели дека се одмаздува на израелските напади врз Бејрут. Американскиот претседател Доналд Трамп, според извори, го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш да […]

Силен земјотрес од 7,8 степени ги погоди Филипините. Има мртви, издадено е предупредување за цунами


Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица се мртви, а четворица се повредени откако земјотрес со магнитуда од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Според Ројтерс, нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема материјална штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го […]

Животот се менува на подобро за три хороскопски знаци до крајот на јуни


Меркур влезе во полето на Рак на 1 јуни, охрабрувајќи попријателски и пријатни разговори. На 9 јуни, Јупитер во Рак ќе се придружи на Венера, планетата на љубовта, и кога тоа ќе се случи, врските имаат шанса да се зајакнат. Сонцето влегува во полето на Рак на 21 јуни, истакнувајќи ги прашањата поврзани со семејството […]

„Бритиш ервејс“ објави ново зголемување на цените на билетите ако трошоците за гориво останат високи


Извршниот директор на „Бритиш ервејс“, Шон Дојл, предупреди во Рио де Жанеиро дека цените на авионските билети би можеле дополнително да се зголемат ако продолжат високите трошоци за гориво. Зборувајќи на маргините на годишниот состанок на Меѓународното здружение за воздушен транспорт, Дојл рече дека авиокомпаниите не можат да избегнат префрлање на поскапо гориво на патниците. […]

Флорентино Перез останува претседател на Реал, доаѓа ли Мурињо


Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми, „COPE“, „Marca“ и „As“. Противкандидат на Перез беше Енрике Рикелме. Ова е осма последователна победа на 79-годишникот на претседателските избори во Мадрид. Според „COPE“, Перез доби 64,1 процент од гласовите. Ова значи дека ќе остане на функцијата до 2030 година. Претходно, Перез објави […]

Зошто фудбалот од Америка изгледа толку чудно на телевизија? Не ви се присторува


Ако сте гледале фудбалски натпревари од САД и во одреден момент сте помислиле дека преносот изгледа поинаку од она на што сте навикнати во Европа, не сте го замислувале. Сликата навистина често остава поинаков впечаток, а причината не е само субјективното чувство на гледачот. Како што објави Ofenziva, начинот на кој американските натпревари изгледаат на […]

Три починати лица пронајдени на различни локации во Скопје, телата предадени на обдукција


Три лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен во утринските часови во скопското село Кучково, каде под патничко возило „Опел“ бил пронајден починат 67-годишниот Ц.Р. од Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител […]

Шок во Данска! Ериксен повторно се струполи на средина од натпреварот


Кристијан Ериксен се струполи за време на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина во Одензе. Во 66-тата минута од натпреварот, Ериксен се струполи пред шеснаесетникот на Украина. Сите играчи истрчаа на помош, а медицинската служба веднаш му притрча на помош на данскиот капитен. Сцената потсетуваше на ужасните сцени на Евро 2020 кога Ериксен се струполи […]

Зверев го освои Ролан Гарос


Александар Зверев во четвртиот обид успеа да стигне до првата Гренд слем титула во кариерата. Зверев го освои Ролан Гарсо со победата 3:2 (6:1, 4:6, 6:4, 7:6, 6:10 над Фабио Коболи. Германецот, во претходните три финалиња беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 […]

Според излезните анкети најмногу гласови на изборите во Косово доби Самоопределување


Гласачките места во Косово се затворени, а според излезните анкети на вонредните парламентарни избори најголем број гласови доби движењето Самоопределување. Самоопределување освои 42,3 проценти од гласовите, Демократска партија на Косово-21,6 отсто, а Демократскиот сојуз на Косово – 17,3 проценти. Овие резултати се без гласовите од дијаспората, која гласаше во амбасадите и конзулатите, како и без […]

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си


Претседателот на САД, Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер. Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, […]

Рама остро ги критикуваше демонстрантите и им порача дека проектот во Зврнец ќе се гради по секоја цена


Албанскиот премиер Еди Рама во својот подкаст „Фласим“ (Зборуваме), остро ги критикуваше демонстрантите кои веќе седум дена протестираат против проектот во Зврнец, порачувајќи им дека нема отстапки околу реализацијата на истиот, бидејќи станува збор за инвестиција од стратешко значење за Албанија. Според него меѓу демонстрантите има инфлуенсери и луѓе кои живеат од социјалните мрежи,  предупредувајќи  […]

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев


Жалбата на 30-дневниот притвор за поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев во петокот е доставена до обвинителството и јавниот обвинител кое сè уште нема дадено мислење, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучивање – посочуваат од Кривичен.  […]

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија повторно ја гаѓала нуклеарната централа Чернобил, при што во еден дел избил пожар, што набрзо е изгаснат. Зеленски на платформата Икс објави дека еден дрон ја погодил зградата на централното складиште за искористено гориво. – Екстремно критична инфраструктура и екстремно зол руски напад, наведе Зеленски, додавајќи […]

Хаосот во Капиштец со бучава ги надминува сите граници – не помогнаа уредите за мерење бучава


Жителите на Капиштец повторно реагираат на прекумерната бучава од гласна музика и непочитување на работното време на угостителски објекти, тврдејќи дека секојдневниот живот во дел од населбата станал неподнослив. Последните реакции доаѓаат од граѓани што живеат во близина на познатиот локал „Интермецо“, кои велат дека се чувствуваат како „заложници во сопствените домови“. Според нивните сведоштва, […]

Германец загина по скок во костим со крилја, втор смртен случај за два дена


Германец кој летал во костим со крилја загина во несреќа во Швајцарските Алпи, паѓајќи кратко по полетувањето, изјави портпаролот на полицијата за ДПА. 47-годишниот маж од Бранденбург скокнал со друг Германец околу 17 часот по локално време во петокот во близина на швајцарското планинско село Ветис на надморска височина од околу 2.080 метри. Тој бил […]

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат […]