Три починати лица пронајдени на различни локации во Скопје, телата предадени на обдукција


Три лица биле пронајдени починати на различни локации во Скопје во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за внатрешни работи.

Првиот случај бил пријавен во утринските часови во скопското село Кучково, каде под патничко возило „Опел“ бил пронајден починат 67-годишниот Ц.Р. од Волково. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Подоцна во текот на денот, во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е. (63), државјанин на Турција со престој во земјава. И во овој случај лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, по што телото било предадено на обдукција.

Вечерта, околу 20 часот, во дом на подрачјето на Центар бил пронајден починат Б.О. (69). Од МВР соопштија дека и кај него не биле забележани видливи траги на насилство.

За сите три случаи бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител телата на починатите се предадени на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.