„Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје


Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“ ,  музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје. „Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во […]

Модриќ се изедначи со Меси по број на репрезентативни настапи


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ стигна до 198 настапи за националниот тим, што го става на второто место заедно со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси. Модриќ 198. настап го забележа синоќа во Вараждин на пријателскиот натпревар против Словенија (2:1), каде што беше и стрелец. Португалецот Кристијано Роналдо останува рекордер со 227 настапи. Сите тројца се вклучени во […]

Македонската музичка традиција на Фестивалот „Солеј“ во Созопол


Во рамките на завршната вечер на Македонската вечер, одржана како дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, публиката имаше можност да доживее вистинска музичка и културна свеченост преку настапот на реномираната македонска група „Баклава“. Настанот претставуваше уште една значајна можност за промоција на македонската култура, традиција и уметност пред меѓународна публика, која […]

„Винчини“ отвора нов погон, девет месеци по пожарот


Од денеска почнува со работа новата фабрика на „Винчини“ за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра, која ќе вработува дополнителни 40 вработени. Овој економски успех е уште позначаен ако се потсетиме дека дел од фабриката „Винчини“, лани во септември беше зафатен од пожар, при што беше нанесена голема материјална штета на објектот, но во […]

Партијата Самоопределување на Албин Курти води со над 43 проценти на изборите во Косово


Левичарското националистичко движење Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори. Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово […]

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк


Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти. Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот. „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите […]

Седум земји-членки на ОПЕК го зголемуваат производството на 188.000 барели дневно


Седум земји-членки на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК), Саудиска Арабија, Ирак, Русија, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман, во иднина ќе произведуваат 188.000 барели нафта дневно, како дел од договореното зголемување на производството за јули оваа година. Во заедничката изјава на тие земји се наведува дека зголемувањето ја одразува посветеноста на стабилноста на пазарот, пренесува […]

Доларот зајакна, каматните стапки ќе растат


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути значително се зголеми минатата недела, бидејќи добрите податоци од американскиот пазар на трудот ги поддржаа очекувањата дека Федералните резерви ќе ги зголемат каматните стапки до крајот на годината. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, порасна за […]

Левица: Консолидација на левичарските редови пред предвремените избори


Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво, се наведува во партиското соопштение. Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска […]

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот – Мадридистот Жозе Мурињо


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, по неговиот реизбор објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе стане нов главен тренер на тимот. – Ќе продолжиме да бидеме горди на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ – најдобриот стадион во светот. Ќе бидеме горди што ги имаме најдобрите играчи во светот и ќе бидеме горди што ќе го пречекаме […]

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан


Израелската армија ќе продолжи со операциите на територијата на „целиот Либан“ и ќе го засили притисокот врз либанската исламистичка група „Хезболах“, изјави армиски портпарол портпарол. „Ги погодивме (јужните предградија на Бејрут) како одговор на континуираното гранатирање на ‘Хезболах’ врз градовите во северен Израел“, изјави генерал Ефи Дефрин. Тој додаде дека израелските сили „ќе продолжат со […]

Поетот Христо Петрески освои престижна награда во Црна Гора


На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и […]

Проевропската партија на премиерот Пашинјан победи во Ерменија. Следува пресметка со олигархијата


Ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, изјави дека „олигархискиот систем мора целосно да биде искоренет од Ерменија“, откако ја прогласи победата на парламентарните избори и најави формирање еднопартиска влада. На првата прес-конференција по изборите, Пашинјан рече дека неговата партија Граѓански договор обезбедила доволно поддршка за самостојно формирање влада. „Оддржавме уште едни парламентарни избори во Ерменија, на кои […]

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас. Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија Скај њуз. […]

„Европската тројка“ ја поддржа идејата за преговори меѓу Киев и Москва


Лидерите на Франција, Германија и на Обединетото Кралство познати како „Европска тројка“, ја поддржаа идејата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, за „непосреден дијалог“ меѓу Украина и Русија со „активно учество на САД и Европа“, пренесуваат светските агенции. Во заедничка изјава дадена во Лондон, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир […]

Истрага против двајца браќа за обид за убиство во Шишево


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата […]

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода


Без електрична енергија деенска од 08.00 до 12.00 часот ќе останат корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска во Општина Бутел, инвормира РЦУК Скопје. Струја од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како […]

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран


Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред […]

Гаши ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа. Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање.

Британската амбасада и Армијата организираат концерт во чест на кралот Чарлс Трети


Британската амбасада во Скопје во соработка со македонската Армија, денеска организира концерт на Школка во Градскиот парк по повод одбележувањето на роденденот на Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Концертот ќе започне во 18:30 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во едночасовна музичка програма во изведба на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот […]