Гаши ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска, во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за неговата двегодишна работа.
Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“. Според агендата, Гаши најпрво ќе го презентира двегодишниот извештај за неговата работа, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање.