Шок во Данска! Ериксен повторно се струполи на средина од натпреварот
Кристијан Ериксен се струполи за време на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина во Одензе.
Во 66-тата минута од натпреварот, Ериксен се струполи пред шеснаесетникот на Украина.
Сите играчи истрчаа на помош, а медицинската служба веднаш му притрча на помош на данскиот капитен. Сцената потсетуваше на ужасните сцени на Евро 2020 кога Ериксен се струполи за време на натпреварот од Европското првенство помеѓу Данска и Финска во Копенхаген.
На Ериксен му беше вграден пејсмејкер по тој натпревар поради срцева слабост, а според првичните информации по денешниот инцидент, Ериксен е свесен.
По кратка консултација со двата тима, судијата го прекина натпреварот во 79-тата минута, а данскиот играч беше итно префрлен во болница.