Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат стратешкото партнерство и воведуваат нови картички


Стопанска банка го проширува стратешкото партнерство со Мастеркард со цел остварување натамошен развој на своите услуги за плаќање и воведување нови производи за картички за физички и деловни клиенти, соопшти банката.  „Соработката на Стопанска банка со Мастеркард почна во 2009 година и оттогаш банката има значителен процент во вкупното портфолио на картички под овој бренд. […]

Средба Божиновска – Попов: Македонски експерти да ги креираат стратешките политики за енергетиката и рударството


 Воспоставувањето поинтензивна соработка меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) и највисоката научна институција во државата во креирањето на стратешките политики во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини беше тема на разговор на денешната работна средба меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и академик Живко Попов, претседател на […]

Трибина во НБ: Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност


„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација […]

Педест и две годишник од Крива Паланка починал при извршување работни задачи, телото на обдукција


Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека […]

На автопат во Германија се излеа гориво, предизвикана штета од над 100.000 евра


Камион истури стотици литри дизел-гориво на автопат во централна Германија, откако неговиот возач изгубил контрола врз возилото на влажен коловоз, соопшти германската полиција, а пренесува ДПА. Педесет и двегодишниот возач синоќа се движел со брзина несоодветна на условите на патот по автопатот А4 во близина на гратчето Бад Херсфелд во покраината Хесен, кога ја пробил […]

Вториот протокол остана и во годинашниов извештај на Европскиот парламент


  Европратениците го одобрија извештајот за напредокот на Македонија за 2025 година на денешната пленарна седница во Стразбур. Резолуцијата беше поддржана од 411 европратеници, додека 120 гласаа „против“. Гласањето се одржа по жестока дебата за текстовите поврзани со спроведувањето на обврските на Македонија според преговарачката рамка со ЕУ. Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, […]

Брат пронашол 72-годишник од Зелениково на нива прегазен од мотокултиватор


Во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Драчево, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не […]

„Тоа се работи на Меси“: Аргентинецот испратен со вулкански овации по победата над Алжир


  Долго откако се слегна прашината по победата на Аргентина од 3-0 над Алжир во групната фаза во вторник вечерта, играчот од средниот ред на Алжир и Баерн Минхен, Ибрахим Маза, изморено излезе од зад завесата и се приближи до микрофонот. Маза играше добро, дури и асистираше за поништениот прв гол на Алжир. Тој исто […]

Барањето на мораториум за дата центри е небулоза, одговара Министерството за транспорт


  Барањето на СДСМ да се прогласи мораториум за иградба на дата центри во македонија додека не се обезбедзаконски предуслови за ладење и напојување со струја, Министерството за транспорт го оцени како срамно и како небулоза. И дека се обидува да го попречи развојот на државата. „Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се […]

Денеска ја промовираа, треба да биде пуштена во септември: Реконструирана болницата во Струмица


  По 40 години, Општата болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите за доопремувањето по што од почетокот на септември објектот ќе биде целосно пуштен во употреба. Во објектот, кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица туку и од околните општини, се инвестирани над […]

САД ја продолжија лиценцата за работа на НИС и лиценцата за преговори на МОЛ до 1 јули


Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) во Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на српската нафтена компанија НИС, како и лиценцата за преговори на унгарската компанија МОЛ до 1 јули 2026 година. Од НИС соопштија дека продолжената лиценца ѝ овозможува на компанијата да продолжи со работењето и да учествува во […]

Салим Курто, по потекло од Скудриње, претседател на мнозинската советничка група во Општина Видор, Италија


Македонскиот државјанин, Салим Курто, по потекло од долнореканското село Скудриње, Општина Маврово и Ростуше,  кој живее и работи во Италија, е вториот нашинец кој обезбеди место во Совет на една италијанска општина. На конституивната седница на Советот општината Видор, тој е избран за  претседател на мнозинската советничка група што ќе ја води општината. Победничката советничка […]

Бернардо Силва потпиша за Реал


Мадрид го објави трансферот на фудбалерот за врска Бернардо Силва кој во шпанскиот великан доаѓа од Манчестер сити. Договорот помеѓу мадридскиот клуб и 31-годишниот Португалец е со важност до крајот на јуни 2028 година. Фудбалерот беше во Манчестер Сити од јули 2017 година. Во април 2026 година, тој објави дека ќе го напушти премиерлигашот. Во […]

Левица: Зголемувањето на каматната стапка директно го удира животниот стандард на граѓаните


Одлуката на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка на 4,25% уште еднаш покажува дека товарот на економските ризици се префрла врз граѓаните наместо врз профитите на финансискиот сектор и крупниот капитал. Во услови кога инфлацијата не е доминантно резултат на прекумерна домашна побарувачка туку на недоволно ефикасни политики за регулирање на цените, ефектите […]

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на стадионот во Струмица ќе го слави роденденот


  Со мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење со собир на стадионот во Струмица. Партијта ги повикува не само членовите, туку и симпатизерите да дојдат на прославата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати видео порака на Фејсбук по повод прославата. „Пред 36 години беше создадена идеја што стана симбол на […]

„Мицкоски сака да ја продаде водата и струјата“: СДСМ бара мораториум за дата центри


  СДСМ бара да се воведе мораториум на изградба на нови странски комерцијални дата центри кои користат систем со вода и предупредува дека Владата на Христијан Мицкоски турка проекти кои носат сериозни ризици за водните и енергетските ресурси на државата. На денешната прес-конференција на СДСМ, Кристијан Дојчиновски рече дека „Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат да ги […]

Двочасовна блокада в недела на трите гранични премини со Бугарија. Ќе блокира фондацијата „Македонија“


  Бугарската фондација „Македонија“ најави дека в недела ќе ги блокира трите гранични премини помеѓу Бугарија и Македонија – Деве Баир, Делчево и Ново Село. Според соопштението од фондацијата, блокадата била во координација со Министерството за внатрешни работи и ќе трае два часа, од 11 до 13 часот. Блокадата на граничните премини доаѓа како реакција […]

ГЕРБ со сите оружја за палењето на автомобилите: Ова е напад на самата ЕУ


  Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, со вистинска канонада од зборови го осуди инцидентот со палењето на бугарските автомобили во Скопје и преку декларација изјави дека тоа не бил напад само врз земја-членка на ЕУ, туку и на самата Унија. Поранешниот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, ја прочита оваа декларација во име на пратеничката […]

Центарот за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација


Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација – оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата.  Од таму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни […]

Кривична пријава по итна постапка за палењето на бугарските автомобили


  Министерството за внатрешни работи брзо го реши случајот со палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје, го упаси сторителот и веќе поднесе кривична пријава. Вчера криминалистичкиот оддел на СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за делото „предизвикување општа опасност“ против И.Д.С. (44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично […]