Кривична пријава по итна постапка за палењето на бугарските автомобили


 

Министерството за внатрешни работи брзо го реши случајот со палењето на бугарските дипломатски возила во Скопје, го упаси сторителот и веќе поднесе кривична пријава.

Вчера криминалистичкиот оддел на СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка за делото „предизвикување општа опасност“ против И.Д.С. (44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело.

Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело.

Овој инцидент предизвика зголемени тензии во ионака лошите односи меѓу двете држави. Македонските институции и највисоките политички личности остро го осудија инцидентот, а во Бугарија тој беше искористен за нов бран напди протв Македонија дека овде преовладува јазикот на омраза и дека опожарувањето на автомобилите бил напад на самата бугарска држава.