Без струја делови од Илинден и Гази Баба


Фото: Б. Грданоски

Поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, се корисниците од населбата Белви, како и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден , соопшти РЦУК Скопје.

Струја од 09.00 до 13.00 часот, ќе немаат и дел од корисниците што се напојуваат од ТС Инџиково 2 во општина Гази Баба.