Брат пронашол 72-годишник од Зелениково на нива прегазен од мотокултиватор
Во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К., на возраст од 72 години од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор. Ова било пријавено во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Драчево, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот – појаснија од МВР.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Увид извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Скопје.