ГЕРБ со сите оружја за палењето на автомобилите: Ова е напад на самата ЕУ


 

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, со вистинска канонада од зборови го осуди инцидентот со палењето на бугарските автомобили во Скопје и преку декларација изјави дека тоа не бил напад само врз земја-членка на ЕУ, туку и на самата Унија.

Поранешниот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, ја прочита оваа декларација во име на пратеничката група денеска во собранието.

Тој рече дека студентите односи меѓу Македонија и Бугарија создаваат и пречки за процесот на европска интеграција, но и за безбедносната архитектура на Балканот.

Според ГЕРБ не само добрососедството, туку и проектите за воена мобилност, транспортна поврзаност, инвестиции во инфраструктура – како што е Коридорот 8, страдале поради лошата клима и дека „од нашиот западен сосед наидуваме на опструкции по линијата на развој на нормални европски односи“.

Георгиев нагласи дека европскиот консензус од 2022 година, или така познат како „француски предлог“, е она што понудило опција за излез од кризата со европската интеграција на Македонија.

За да се спречи хибридно мешање од Истокот на Балканот„веруваме дека процесот на влез во ЕУ на нашите соседи мора да продолжи и Бугарија мора да го поддржи. Бугарија отсекогаш го правела тоа. Но, јазикот на омразата, кој преовладува во некои од нив, наоѓа израз во такви зафаќања што не можам да ги дефинирам само како материјални, туку и како такви против целата наша земја“.

Од ГЕРБ ја повторуваат познатата теза дека Софија не е дел од проблемот за Македонија, туку продолжувањето на европскиот пат е работа меѓу Скопјe и Брисел, „бидејќи она што владата во РСМ мора да го спроведе е поврзано со договор, со потпишување на преговарачка рамка, со протоколи изгласани од бугарскиот парламент, кои не важат само меѓу нашите две земји“. И дека палењето на културниот Клуб во Битола и наводниот јазик на омраза кон Бугарите, не е преседан, туку рецидив.