Педест и две годишник од Крива Паланка починал при извршување работни задачи, телото на обдукција


Пријава за починато лице на место викано „Пољана“ во кривопаланечкото село Огут од јавната здравствена установа во Крива Паланка била евидентирана вчера во 13 часот во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.Ј., 52-годишник од Крива Паланка, вработен во „ЕВН“, кој починал додека извршувал работни задачи.

– Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР – Крива Паланка – информираа од МВР.