Бернардо Силва потпиша за Реал


Мадрид го објави трансферот на фудбалерот за врска Бернардо Силва кој во шпанскиот великан доаѓа од Манчестер сити.

Договорот помеѓу мадридскиот клуб и 31-годишниот Португалец е со важност до крајот на јуни 2028 година.

Фудбалерот беше во Манчестер Сити од јули 2017 година. Во април 2026 година, тој објави дека ќе го напушти премиерлигашот.

Во сезоната 2025/26, Силва има одиграно 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и пет асистенции.

Претходно Силва играше за Монако и Бенфика.