Барањето на мораториум за дата центри е небулоза, одговара Министерството за транспорт


Министерство за транспорт (Фото: Б. Грданоски)

 

Барањето на СДСМ да се прогласи мораториум за иградба на дата центри во македонија додека не се обезбедзаконски предуслови за ладење и напојување со струја, Министерството за транспорт го оцени како срамно и како небулоза. И дека се обидува да го попречи развојот на државата.

„Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се обидува да го попречи развојот на државата. На денешната прес-конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните.

За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите, да се направат сите видови студии и да се обезбеди квалитетна работа.

Инвестициите во дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави.

Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инжинери“, велат од Министерството за транспорт.