Најголемиот „Garage Sale“ во Скопје: Омилените брендови на Fashion Group по неверојатни аутлет цени!


Подгответе се за врвно шопинг искуство! Оваа среда 6 мај, од 10 часот, вратите на Pop Up продавницата на Fashion Group во ГТЦ се отвораат за најголемиот Garage Sale досега. ​Лоцирана на првиот кат во Градскиот трговски центар (ГТЦ), во редот на веќе познатиот Fashion&Friends Outlet, оваа Pop Up продавница ќе биде главната дестинација за […]

Мицкоски се дообјаснува: Годинава нема избори


Премиерот Христијан Мицкоски децидно изјави дека во текот на оваа година нема да се одржат избори. Според него, 2026 година е предвидена како период за клучни реформи и внатрешна консолидација на државата, додека редовниот изборен циклус се очекува во пролетта 2028 година. „Мојот став е дека оваа година избори нема.Оваа година е реформска и година […]

Андоновски: Очекувам добри вести за роамингот во јуни на самитот ЕУ – Западен Балкан


 Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица.  Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија […]

Стинг вели дека неговите деца нема да наследат богатство: „Ќе мора да работат“


Поп-легендата Стинг останува непоколеблив во својата одлука да не им остави богатство на своите деца. Во неодамнешно интервју за CBS News, тој се насмеа кога еден новинар го праша дали планира да им го одземе наследството на своите деца, потврдувајќи дека отсекогаш имал намера тие сами да го пронајдат својот пат во светот. Имено, музичарот, […]

Забраната за употреба на мобилни телефони во американските училишта не ги подобри резултатите од тестовите на учениците


Забраната за паметни телефони во училниците можеби не е магичното стапче што го посакуваат владите и училишните администратори, барем според неодамна објавената студија. „Њујорк тајмс“ пишува дека Националното биро за економски истражувања ќе објави студија во која се заклучува дека забраните за мобилни телефони имаат ефект „близок до нула“ врз резултатите од тестовите. Студијата анализирала […]

САД одобрија продажба на оружје за Украина во вредност од 373 милиони долари


Вашингтон – Соединетите Американски Држави одобрија потенцијална продажба на оружје за Украина во вредност од 373,6 милиони долари (319,5 милиони евра), која вклучува комплети за бомби со ГПС-наведување, соопшти Стејт департментот, пренесува Анадолија. Во соопштението се наведува дека е одобрена продажбата на комплети „JDAM-ER“ (Joint Direct Attack Munition – Extended Range) и придружна опрема за […]

Апасиев поднесува кривична пријава против ДКСК


Пратеникот Димитар Апасиев денес објави дека поднесува кривична пријава против ДКСК.   – Јас си стојам на Зборот. Затоа, денес поднесов кривична пријава за „Повреда на рамноправноста на граѓаните“ против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска, за кои надлежен стручен орган утврди дека извршиле директна дискриминација врз мене (со ускратување на уставно загарантираното право на […]

Капки врел сунѓер најдени и на јакната на Андреј Ѓорѓиевски – што покажуваат материјалните докази за „Пулс“


 При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше […]

Почеток на пазарот за електична енергија во тековниот ден


И официјално почна пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на настанот на официјалното почнување на пазарот ден однапред порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој. На отворањето на пазарот на […]

Љутков од Брисел: Македонската култура силно одекна во срцето на Европа


„Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање […]

„Антропик“ потпиша договор од 200 милијарди долари со „Гугл“


Стартапот Anthropic се обврза да потроши 200 милијарди долари на Google Cloud во следните пет години, што е повеќе од 40 проценти од договорените идни приходи на Google, објави денес The Information, повикувајќи се на извор запознаен со договорот. Акциите на Alphabet, матичната компанија на Google, пораснаа за околу 2 проценти по објавувањето на веста. […]

Валканата облека што ја симна од тронот златната двојка на Холивуд


Њујорк – Никој не очекуваше Блејк Лајвли да се појави на црвениот килим на Мет Гала – во блескава пастелна Версаче, ни помалку ни повеќе – само неколку часа откако тужбата против Џастин Балдони, нејзиниот колега во „It Ends with Us“, беше решена надвор од судот. Појавувањето на Лајвли можеби беше замислено како победнички круг, […]

СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан


СДСМ оцени денес дека се потврдува она што веќе подолг период го зборуваат – дека на Мицкоски му се брза за предвремени избори. Причина, според нив, е  падот на неговиот пријател Виктор Орбан, со што почнува распадот на криминалната мрежа што со години ја градеа во регионот. „Во Унгарија веќе се најавуваат истраги кои ќе […]

Кои европски земји имаат најзагаден воздух? Македонија во црвено!


Италија, земја позната по својот „сладок живот“, има сериозен еколошки проблем: највисоки локални концентрации на опасни PM2.5 честички во Европа. Овие ситни честички прашина продираат длабоко во белите дробови и крвотокот, а се предизвикани од патен сообраќај, рафинерии, цементарници, согорување на фосилни горива и шумски пожари. Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот од страна […]

Еве што облече Никол Кидман како копретседателка на Мет Гала 2026


Њујорк – Откако прошета по црвениот килим во елегантен фустан со светки и пердуви, Никол Кидман се облече во нешто малку поудобно за да излезе на сцената со нејзините колешки копретседателки на Мет Гала, Венус Вилијамс и Бијонсе на 4 мај. Кидман ја задржа топлата палета на бои, заменувајќи го својот црвен фустан со долги […]

Андоновски: 120% раст на трансакции на платформата за интероперабилност


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека платформата за интероперабилност бележи околу 120% раст на бројот на трансакции, што, како што рече, покажува сè поголема употреба на дигиталните канали за размена на податоци меѓу институциите. Тој ова го истакна на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, нагласувајќи дека дигиталната трансформација […]

Ален Исламовиќ на 15 мај во Филхармонија – вечер со хитови што не стареат


На 15 мај Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот што обележа генерации. Легендарниот Ален Исламовиќ, гласот што стои зад некои од најголемите хитови на Бијело дугме и Дивље јагоде, пристигнува во Македонската филхармонија за концерт што ветува вистинска музичка магија. Концертот е закажан во 20 часот и е во организација на Евентум продукција. Со препознатливата […]

Следува Генералка викенд – „Да се извалкаме и да исчистиме!“


На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД прерасна […]

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција


Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција „SAHA Expo 2026“, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај. Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, делегацијата остварила работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа […]