Европската комисија сака да ја искорени сиромаштијата во ЕУ до 2050 година


Европската комисија денеска предложи земјите од ЕУ да разговараат за стратегија за искоренување на сиромаштијата до 2050 година, обрнувајќи особено внимание на децата и постарите лица.  Комисијата очекува мерките да го намалат бројот на Европејци кои се изложени на ризик од сиромаштија за најмалку 15 милиони до 2030 година. Според податоците презентирани од ЕК, еден […]

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени


Француската бродска компанија „ЦМА ЦГМ“ (CMA CGM) соопшти дека еден од нејзините бродови, „Сан Антонио“, бил нападнат при преминување низ Ормуската Теснина, при што се повредени членови на екипажот и е предизвикана материјална штета. Компанијата наведе дека инцидентот се случил вчера, додавајќи дека повредените морнари се евакуирани и им се укажува медицинска помош, без да […]

Јаневска се виде со Македон: Наша цел е воведување ВИ во секојдневниот живот на учениците и наставниците


Подигнување на свеста на општеството за значењето на знаењето и за значењето на наставниците е целта на последната панел-дискусија во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“ на тема „Училницата на иднината: вештачката интелигенција, знаењето и новата улога на наставникот“. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека денешната […]

Ретроградниот Плутон носи големи промени за четири хороскопски знаци


Денес започнува долг, бавен период на внатрешна трансформација под влијание на ретроградниот Плутон, кој ќе трае до 15 октомври 2026 година. Иако неговото влијание ќе го почувствуваат сите, четири хороскопски знаци можат да очекуваат значајни животни промени во следните шест месеци. За разлика од побрзите астролошки транзити, влијанието на Плутон се развива постепено и работи […]

Лимани е за предвремени избори – нема да биде дел од Вреди


За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“ – истакна денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани коментирајќи ја синоќешната фејсбук-објава „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Набргу ќе ви овозможам да се покажете“. – Тоа беше реобјава на објава од еден портал што го […]

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание


Над 1000 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, претставници на релевантни домашни институции и меѓународни организации, од академската заедница и деловниот сектор од земјава, како и студенти и средношколци, учествуваат на Третата регионална конференција, во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС). Програмата на годинешната конференција, која се одржува под мотото […]

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Словачка, во фокусот дигитализацијата на даночните процеси


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска и утре, престојува во работна посета на Република Словачка на покана на министерот за финансии, Ладислав Каменицки. Во рамки на посетата, информираат од нејзиниот Кабинет, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата министри, како и билатерални состаноци на делегациите и средба на државните секретари во министерствата за финансии на двете […]

Бензинот во САД не бил поскап уште од јули 2022 година


Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите […]

Париските библиотекари ќе штрајкуваат поради недостиг на персонал


Париз – Париските библиотекари најавија штрајк утре во знак на протест против недостигот на персонал и недостатокот на капацитет во новоотворените библиотеки, додека градските власти велат дека ги разгледуваат проблемите и наскоро ќе се сретнат со синдикатите, објавија француските медиуми. Околу 1.300 вработени во 68 библиотеки во Париз се повикани на прекин на работата за […]

На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и […]

Нови брендови и модерни концепти: Diamond Mall ја проширува својата понуда


Diamond Mall продолжува да се развива како динамична и современа шопинг дестинација, која постојано инвестира во збогатување на својата понуда и поквалитетно искуство за посетителите. Со јасна стратегија за развој и јакнење на својата позиција, овој влијателен трговски центар го засилува своето портфолио со нови, препознатливи меѓународни и домашни брендови. „Проширувањето на нашата понуда со […]

Судијата за деца со подготвителна постапка за девојчињата од Ѓорче Петров за насилство


 Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член […]

Ноќеска „труело“ покрај Вардар – инспекции на терен


На 05/06.05.2026 во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси. За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град […]

ФИФА во проблеми. Две огромни земји нема да имаат пренос од Светското првенство?


Додека расте еуфоријата пред Светското првенство, кое започнува на 11 јуни, светското фудбалско управно тело ФИФА се соочува со неочекуван проблем. Иако договорите за телевизиско емитување се склучени со 175 земји, двете најнаселени земји во светот, кои сочинуваат приближно 36 проценти од светската популација, Кина и Индија, сè уште не им е загарантиран пренос. Според […]

Транспортните услуги ќе влијаат врз инфлацијата, вели Мицкоски


Цената на храната е зголемена под 1 отсто во месец април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата кои ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат, информираше премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје. – Најмногу се зголемени транспортните […]

Од Радев се чека да ја демонтира корупцијата, дилемата е – дали ќе сака?


Привремениот министер за земјоделство на Бугарија ги помина изминатите месеци емитувајќи во живо полициски рации, отворајќи ги закопаните случаи и поднесувајќи барања до обвинителите и истражителите на ЕУ. За неколку дена, тој ќе ѝ се предаде на новата влада и ќе ја изгуби функцијата. Иван Христанов е уверен дека неговата работа во борбата против корупцијата […]

Борут Пахор паднал од велосипед. Ги скршил клучната коска и рамото


Љубљана – Поранешниот словенечки претседател и премиер Борут Пахор е хоспитализиран по сериозен пад од велосипед додека се спушташе по Пасје Равни во Словенија. Пахор, кој е страствен велосипедист, објави на Инстаграм дека ги скршил клучната коска и рамото. Пасја Раван е планинска област и планински превој во западна Словенија, во Полховските Доломити во близина […]

Џеф Безос ja продава мегајахтата од 500 милиони долари 


Проблемите на Џеф Безос не се како на сите други. Основачот на Амазон, кој беше еден од спонзорите на Мет Гала и не беше виден на најважната модна ноќ со својата нова сопруга, Лорен Санчез Безос, наводно прави голема промена. Ја продава својата мегајахта. Точно така, Безос тивко се обидува да го продаде својот брод […]

Следната недела почнува изградбата на северниот гасен интерконектор, најави Мицкоски


Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем – вели премиерот Христијан Мицкоски посочувајчи на изградбата на интерконекторите. Очекува веќе следната недела да почне и изградбата на северниот интерконектор.  – Владата го зајакнува високонапонскиот преносен систем, тука мислам на системот на МЕПСО. Знаете дека се рестартира повторно изградбата на интерконекторот со Албанија. Продолжуваат и внатрешните […]

Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставниот суд


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои […]